Сокот од портокал е богат со витамин Ц кој ги намалува забните плаки и дамките кои се создаваат со текот на времето.
Забните плаки се всушност наслаги на кои се собираат и развиваат бактерии и се главната причина за жолта боја на забите и непријатен здив.
Јаболковата киселина помага во елиминирање на дамките и избелување на забите, а исто така ги уништува и штетните бактерии во усната шуплина.
Кокосовото масло делува така што успева да се пробие низ цврстите наслаги и да ги одлепи од забите. Покрај тоа ги уништува токсините од усната шуплина, а притоа не им штети на самите заби и на непцето.
На тој начин се подобрува квалитетот на забите и непцето, а истовремено делува врз нивно избелување, но и ја подобрува работата на плунковните жлезди.
Потребни состојки:
3 лажички пченкарен скроб
3 лажички сок од портокал
1 лажица паста за заби со висок процент на сода бикарбона и избелувачки ефект
1 лажичка јаболкова киселина
1 лажичка кокосово масло
Постапка:
Исцедете сок од свеж портокал, па три лажички од сокот измешајте со една лажичка јаболкова киселина.
Во смесата додадете и 3 лажички пченкарен скроб, па добро промешајте за да нема грутчиња. Додадете и околу една супена лажица квалитетна паста за заби со избелувачки ефект, односно висок процент на сода бикарбона.
На крај промешате и една лажичка кокосово масло, без разлика дали е маст или во течна состојба. Потребно е да биде со подобар квалитет.
Употреба: Нанесете ја смесата на забите и оставете да делува 3-4 минути. Потоа исплакнете ја устата и не јадете ништо во следните 30-40 минути. Смесата се чува во фрижидер и се користи секој ден.
Во релативно краток период овој избелувач може да ги разубави дури и пожолтените заби, а ефектот на избелување би требало да се забележи во рок од неколку денови или седмици, во зависност од самиот тип на забите.