Како да ви мириса бањата на парфимерија – поедноставно не може!

Потребен материјал:

  • Тоалетна хартија
  • Етерично масло (по ваш избор)

Постапка:

Се’ што треба да направите е да капнете неколку капки од вашето етерично масло на внатрешната страна од ролната, на која е навиткана хартијата. И тоа е тоа! Едноставно, не може поедноставно од ова да биде, а мирисот ќе биде присутен во просторијата додека да се потроши целата хартија!

Можете да експериментирате со различни масла. Во бањите, честопати, една ролна се чува на држачот за хартија, а друга врз полицата. И на двете накапете по неколку капки етерично масло и уживајте во мирисната бања!

Loading...