Како да се спасите од подуениот стомак за само неколку минути

На многумина им е познато чувството на притисок во стомакот. Постојат бројни причини за подуен стомак и кај здрави луѓе. Главно тие причини се поврзани со храната и работата на желудникот. Понекогаш, дури и после консумирање на помала количина храна, забележуваме дека стомакот за многу кратко време ни станал поголем.

Воздухот во стомакот – е резултат на работата на микроорганизмите на цревната флора, бактериите кои помагаат во варењето на храната. Кога е потешко да се свари храната, се произведуваат повеќе гасови.

Ви предлагаме неколку начини како да се ослободите од чувството на подуеност во стомакот, а воедно да му помогнете на желудникот во неговата работа. Нежна масажа на абдоменот ќе помогне да се опушти стомакот и да се подобри варењето.

НАЧИН БР.1

Масажата на оваа точка придонесува за намалување на појава на гасови и се растеретува желудникот. Ставете ги четирите прсти над папокот, хоризонтално. Над горниот прст се наоѓа потребната точка за масажа.

Loading...

Масирајте ја 2-3 минути во насока на стелките од часовникот и исто толку во спротивна насока. Ако сте направиле се’ исправно, во устата е се појави киселкас вкус и ќе се засили лачење на плунка.

НАЧИН БР.2

Оваа масажа ќе помогне да се отстрани задржување на водата и да се отстрани болка во желудникот, ако таа постои.

Оваа точка се наоѓа на висина на показалецот над папокот. Притиснете ја и масирајте ја 2-3 минути во насока на стрелките од часовникот, и исто толку во спротивна насока.

НАЧИН БР.3

Оваа масажа ќе ја зголеми активноста на цревата и ќе го елиминира чувството на тежина во стомакот. Ставете под папокот хоризонтално 4 прсти. Под малиот прст се наоѓа потребната точка.

Оваа точка е неопходно да се масира 2-3 минути во насока на стрелките на часовникот и исто толку во спротивната насока. Доколку се’ направите правилно, чувството на подуеност во стомакот набрзо ќе помине.

Loading...