Д-р Татјана Радосављевиќ објаснува на што треба најмногу да се обрати внимание за да се препознае асимптоматското воспаление на бели дробови.
Асимптоматското воспаление на бели дробови е многу често кај новата болест предизвикана од kopoна вирусот и може да предизвика долгорочни последици. Ако почувствувате некои од наведените тегоби, задолжително јавете се на лекар.
Лекарите велат дека белите дробови може да бидат зафатени од инфекцијата, а симптомите како што се зголемена телесна температура и болки во градите, потполно да изостанат.
Пулмологот д-р Татјана Радосављевиќ објаснува на што треба да се обрати внимание и кога е време да се јавите на лекар.
“Sars-CoV-2 е специфичен и за првпат се среќаваме со вирус кој “го сака” респираторниот систем. Дури и кај лица кои немаат речиси никакви тегоби, вирусот влегува преку нос и грло, доаѓа до белите дробови и остава одредени последици.
Поточно, може да се случи пациентот да нема некои изразени знаци, освен покачена телесна температура, нема кашлица, има губиток на сетилата за вкус и мирис и на снимката не се гледа ништо.
Меѓутоа, кога на овие пациенти ќе им се направи скенер на белите дробови се гледа дека најчесто постојат знаци за обострано воспаление на белите дробови” вели пулмологот Татјана Радосављевиќ за ТВ Прва.
Овде главно станува збор за полесни случаи каде не доаѓа до намалување на кислородот, но на таквите пациенти им се советува да направат контролна снимка на белите дробови после 6 месеци.
На контролниот скенер на белите дробови ќе се види дали дошло до поголеми оштетувања, бидејќи дури ни докторите не знаат во кој правец може да се движи асимптоматското воспаление.
Кај асимптоматските воспаленија симптомите како што се температура и болки во градите се изостанати, но на ова треба да се обрати внимание, објаснува докторката:
“Кашлица секако ќе се појави, ако имате чувство на болка во градите од страната на грбот, дишењето ви е позабрзано отколку што ви требало и ако имате чувство на недостиг на воздух, би требало да направите снимка на белите дробови”.