КАКО ДА ОДГЛЕДАТЕ РУЖА ВО КОМПИР: ефикасен метод за бујна грмушка напролет. Розите се универзален подарок за секоја пригода. Мажите даваат многу пари за да ги задоволат своите дами со цвеќиња со или без причина, но, за жал, сеченото цвеќе не може да живее вечно.
Кралицата на цвеќето – розата е растение од фамилијата Rosaceae, која брои од 3000 до 4000 видови. Поделени во 4 потсемејства, розите се делат во зависност на изгледот на плодот. Розите цутат дури 200 денови во годината.
Поголемиот дел од украсните видови рози се хибриди кои се одгледуваат за нивните цветови, мирис и боја. Во фармацевтската индустрија се користи розовата вода и масло за изработка на козметички препарати, парфеми, лосиони, креми и лекови.
Истовремено, во прехрамбената индустрија се користат плодовите од видот Rosa canina hips, позната како шипка од која се прават лековити чаеви, мармалади и слатки. Листовите се користат за изработка на билни чаеви, а исто така познат е сирупот од роза кој има низа лековити и хранливи состојки.
Во најголем дел розата се користи како природен аромат за најразлични видови производи. Во медицината е познато дека некои видови рози се богат извор на витамин Ц, па оттаму се користат за изработка на медикаменти за имунитет и додатоци во исхраната.
Можеме да се сложиме дека ружите се навистина посебни и дека апсолутно секоја градина максимално ја разубавуваат. За да започнат ружите убаво да цветаат напролет и да ви ја разубават градината, се препорачува да се насадат доцна есен, но доколку веќе сте задоцниле, тогаш тоа можете да го направите и во рана пролет.
Со овој генијален трик, не само што ќе заштедите пари, туку и ќе подарите на вашата драга личност постојано расцветана роза. Ќе ви биде потребно: една ружа, еден компир, дупчалка, саксија, земја (почва) и едно пластично шише.
Постапка: Изберете ја ружата што сакате да ја засадите. Отстранете ги сите лисја од стеблото, исечете ја пупката (цветот) и дел од стеблото околу 3 см. Исечете го стеблото на розата под агол од 45 степени.
Цветот со малото стебленце ставете си го во вазна со вода да ви стои додека да се исуши, а за засадувањето ќе ви биде потребно само тенкото стебленце кое го пресековте. Земете еден компир и со дупчалка направете дупка во него доволно голема за да одговара на стеблото на ружата.
Дупката треба да биде мала за ружата да не ја изгуби стабилноста, значи широка колку стебленцето. Земете саксија и наполнете ја со земја во слој од 5 см. Во земјата ставете го компирот сосе стебленцето и додајте уште почва додека да се покрие компирот.
Исечете го дното на пластичното шише и покријте го горниот дел од стеблото на ружата (како што е прикажано на сликата). Значи целото стебленце е во шишето на средина насочено кон отворот каде што треба да биде капачето за да може оттаму да растат нови гранки и цветови. Ова ќе создаде ефект на стаклена градина.
За да избегнете поплавување на самото стебло при наводнување, ставате вода само околу пластичното шише. Доколку цел процес сте го следеле во детали и постапката сте ја направиле како што се прикажани чекорите, првите пупки треба да се појават многу брзо.