Со овие едноставни трикови не мора да чекате до утрото за да се справите со замрзнатиот автомобил. Животот ќе ви биде многу полесен само ако однапред внимавате на некои работи и направите одредени потези кои ќе го спречат замрзнувањето на стаклото.




Покрај стаклото може да ви замрзнат вратите и бравите, а со овие 8 едноставни трикови може да спречите целосно замрзнување на автомобилот во текот на зимските месеци.




Паркирајте на исток. Ако имате можност, секогаш паркирајте го автомобилот со предниот дел на исток. Така, првите зраци на утринското сонце полека ќе го стопат мразот на шофершајбната.




Алкoxoлот и сапунот помагаат. Направете стаклена течност за одмрзнување која наутро само ќе ја испрскате врз мразот. Во шишето ставете литар алкoxoл, децилитар вода и 1 лажичка детергент за садови.

Добро протресете и испрскајте. Постои уште еден добар рецепт- истурете ал-кохол и вода во сооднос 2:1 (две третини од алкoxoлот и една третина од вода) во шишето со распрскувач.




Заштитете ги бравите од мраз. Најдобра заштита е спрејот наменет токму за ова, а доколку замрзне бравата загрејте го клучот со запалка и ќе можете да го отклучите автомобилот.




А може да го пробате и следново: Премачкајте ја гумата околу вратата на автомобилот со малку масло. Тоа може да биде глицерин, вазелин, масло за јадење… Направете го тоа веднаш штом ќе излезете од возилото за да можете да ја отворите вратата следното утро без никакви проблеми.




Ако додека возите ви замрзнат стаклата на автомобилот, а немате спреј, топла вода или стругалка – посегнете по банкарската картичка и истружете го мразот. Ќе оди малку побавно, но по некое време сепак ќе можете да седнете во автомобилот и да возите кон дома. Ако ви се замаглуваат стаклата додека возите едноставно пуштете го парното и почекајте неколку минути.




Ставете чорапи на брисачите. Да, добро прочитавте. Ставете стари чорапи на брисачите за да не ги најдете „залепени“ на леденото стакло наутро. Или, само подигнете ги за да не стојат на стаклото за да не се залепат.




Заштита за огледала. Надворешните ретровизори на автомобилот нема да замрзнат ако ставите пластични кеси на нив. Можете да ги завиткате и со ластик.




Ставете картон на стаклото. Ова е одличен начин да се спречи воопшто да се замрзнат стаклата на автомобилот, што често ги користат возачите. Наместо картон можете да ставите и стара крпа.




Забелешка: Никогаш не преливајте ледена површина со топла вода бидејќи може да пykне стаклото, особено ако веќе има мали оштетyвања на него, предyпредуваат експертите. Попаметен избор е да истурите млака вода која треба да се нанесе на крпа.