Во сезона на приготвување на зимници не пропуштајте го овој брз и лесен рецепт за красатка пиперка. Красатката пиперка може да се подготви на различни начини, а овој рецепт е еден од најбрзите и најлесните.
Назиме, кога ќе ви треба салата со ручекот, само отворете си тегла и верувајте, целата ќе се испразни за миг. Овој метод за маринирање на пиперките е најсигурен. За 10 минути ќе имате красатка пиперка на вашата маса. Рецептов можете да го користите и преку целата година, кога е сезона на пиперки, но и да си приготвите зимница за назиме. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г помали пиперки, 1 литар зовриена вода, 60 г шеќер, 50 г сол, 45 мл бел оцет ја јадење 9%, 100 мл масло, 2 чешниња лук, магдонос, црн пипер во зрно. Ова е количина за една тура.
Постапка: Измијте ги пиперките под млаз ладна вода. Исцедете ги и избришете ги со кујнска крпа, а потоа отстранете им ги дршките и исчистете ги од семките. Во едно длабоко тенџере ставете ја водата на оган.
Кога ќе зоврие додајте сол, црн пипер, алкоxолен оцет, масло и зрната од црниот пипер (бибер). Гответе ја течноста на умерена температура додека да се растопат шеќерот и солта. Кога ќе зоврие повторно, додајте ги пиперките и оставете ги да се варат 8 минути.
Користете поголемо и пошироко тенџере за да ги собере пиперките од едната тура. За поголема количина, користете ја истата маринада, но пиперките додавајте ги тура по тура, за да можат убаво да се зготват.
Потоа извадете ги со решеткаста лажица и ставете ги во некој поголем сад. Ако сакате веднаш да ја послужите салатата од пиперки додајте свежо исечкан магдонос и ситно сечкан лук (две чешниња или повеќе, по вкус), промешајте и послужете. Можат веднаш да се јадат.
Доколку сакате да ги складирате во тегла за зимница, тогаш наполнете ги теглите (претходно стерилизирани и затоплени), прелијте ги со топлата маринада (постепено, за да не пукне стаклото), затворете ги и превртете ги, завиткајте ги во ќебе и оставете ги во ќебе. За поголема количина:
Ако правите поголема количина, во секоја тегла ставете една лажичка шеќер, две лажички сол, три лажички бел оцет за јадење и дополнете ја со врела вода. Жешката вода секогаш се додава постепено и во загреани тегли. Се затвораат, се превртуваат за да се вакумираат и се оставаат завиткани да се оладат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.