За да се добие квасецот од компир, потребни се 4 дена.

Потребни состојки:

1 компир со средна велчина (колку една дланка)
1 литар вода
1 полна супена лажица шеќер

Постапка:

Компирот измијте го убаво, излупете го и исечкајте го на парчиња (не смее да има никакви оштетувања, сите дамки треба да се отстранат).

Сварете го во еден литар вода. Кога компирот ќе се свари, останува околу 400 мл течност која треба да се сочува.

Врелиот компир добро измиксајте го да нема грутчиња. Потоа додадете една полна лажица шеќер и уште еднаш измиксајте, да стане кашесто, како за пире.

Потоа компирот префрлете го во стаклена тегла од 1 кг, прелијте го со млаката вода што преостана до половина на теглата и повторно убаво промешајте да нема грутчиња.

Прекријте со газа и оставете 4 денови на топло место. Штом се создадат меурчиња на површината, тоа е знак дека квасецот се активирал и спремен е за употреба.

Преостанатата количина после изминатите четири дена, треба да се чува во фрижидер. Кога месите тесто, на 1 кг брашно се става околу 100-200 мл од квасецот.

Деталите погледнете ги во видеото: