Како да ги проширите тесните чевли – одличен трик

Речиси секој некогаш во животот се соочил со тесни и неудобни чевли. Овој проблем е особено случај со новите „неразгазени“ обувки.

Доколку станува збор за обувки од природен материјал, првенствено од кожа, не очајувајте! Постои решение за овој проблем!

Она што треба да го направите е следното:

Земете две пластични кеси со зип затворувач. Ставете во нив ¼ вода. Добро наместете ги во секоја чевла посебно, па заедно комплет ставете ги во замрзнувач.

Објаснување:

Кога водата замрзнува таа се шири и на тој начин ги проширува чевлите. По неколку часа, кога водата ќе биде целосно замрзната, извадете ги чевлите и оставете ги 20-тина минути да се одмрзне мразот. Извадете ги кесите а обувките исушете ги со фен.

Овој трик е одличен за кожни обувки и може да се рашири до цел еден број.

Може да се примени и на вештачка кожа, но запамтете дека таа има тенденција да се враќа во првобитната состојба, па така, најверојатно, процесот ќе треба да го повторите уште еднаш.​

Loading...