Како брзо и лесно да ги исчистите загорените тенџериња кои ја промениле својата боја

Сите кујнски прибори, независно од тоа колку внимателно ракувате со нив и колку се грижите за нивната чистота, сепак со текот на времето го губат својот првобитен сјај, па добиваат некои закоравени дамки кои „тврдоглаво“ и упорно остануваат и никако не се отстрануваат.




После готвењето на некои намирници доаѓа до обојување на внатрешноста, што е особено видливо доколку таа е бела. Овде не помага многу рибањето со абразивни средства и груби сунѓери, бидејќи неповратно се губи сјајот и на тенџерето остануваат видливи гребаници.




За среќа постои еден метод кој ми е останат во сеќавање, а кој го користеше баба ми. Не знам во тоа време точно каков прашок користеше, не сум го видела во продавниците, инаку веднаш ќе се сетев на него.




Јас користам прашок наменет за белеење на алиштата. Во времето на баба ми, кога јас бев дете, немаше и некој голем избор на прашоци за перење, но нејзините тенџериња секогаш блескаа од белина.




КАКО ДА ГО ИСЧИСТИТЕ ТЕНЏЕРЕТО. Наполнете го со вода и ставете го на оган. Постепено во него додавајте го прашакот со белилото. Повремено промешувајте. оставете да врие пет минути, а потоа истурете ја таа вода.




Исплакнете добро со вода и поминете го тенџерето со суѓер. Sидовите треба да бидат бели и без наслаги. Но, доколку останале уште траги, повторете ја постапката уште еднаш. Топлата вода со прашокот за белеење може да се искористи и за други цели.




На пример, може да се користи за чистење на дамки и нечистотии од мијалникот, чашите и слично. Меѓутоа, овој метод се покажал ефикасен за темни дамки, а не и за големи загорени површини.




Во овој случај подобро е да користете сода бикарбона со оцет, отколку абразивни средства. Може дури да користите и таблета за машинско перење на садови, претходно растворена со малку топла вода во вид на паста. Еве го резултатот:







Претходна статијаШТО Е МИОМ НА МАТКА И ЗОШТО ПУКА: Кога жената треба итно да се јави на лекар
Следна статијаПОУКИ ЗА ИСХРАНАТА од манастирот Острошки, само вака ќе останете здрави