Ова е најдобриот рецепт за проја според кој веќе со години ја приготвуваат. Вкусната проја излегува мека како душа. Ова е највкусната проја што постои со наједноставната подготовка. Запишете си го рецептот и направете ја. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 350 г сирење, 400 мл јогурт, 200 мл масло, 250 г пченкарен гриз или палента, 200 г пченично меко брашно, 1 кесичка прашок за печиво, сол по вкус и во зависност од соленоста на сирењето




ПОСТАПКА: Сирењето иситнете го со помош на виљушка или раце, на поситни и покрупни парчиња, по желба. Во посебен подлабок сад скршете ги трите јајца и изматете ги со жица маталка.




Во изматените јајца додајте го иситнетото сирење, јогуртот, маслото и двата вида брашно помешани со прашокот за печиво. Посолете по вкус и сè промешајте. Плех со величина 33х20 см намастете го со масло на дното и ѕидовите, а потоа наросете го со брашно.




Приготвената смеса излејте ја во плехот, распоредете рамномерно и малку протресете го. Ставете да се пече во претходно добро загреана рерна на 200-220 степени околу 35 минути, односно додека да зарумени. Доколку сакате да приготвите проички во калапи за мафини, тогаш пригответе според следниот рецепт:




БРЗИ ПРОИЧКИ: Кога ќе ве изненадат драги гости, а немате многу време нешто посебно да приготвите, тогаш сетете се на овој рецепт, зошто овие проички можат да ве отстрамат – одлични се за послужување. Еве што ви е потребно за 12 проички:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша (од 200 мл) пченкарно брашно, 1 чаша обично брашно, 0,5 чаша масло, 1,5 чаша јогурт или млеко, 1 лажичка сол, 1 лажичка прашок за печиво, 1 јајце, 200 г сирење




ПОСТАПКА: Измешајте ги сите состојки и излејте ја смесата во калап за проички, претходно добро намастен со маргарин или путер и наросен со малку брашно. Калапите треба да бидат полни само 2/3 од висината. Проичките печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30-тина минути, додека да заруменат.




Послужете ги топли со кисело млеко, ајвар, малку сувомеснато и сл. Проичките се најубави кога ќе се приготват со јогурт, а во тестото може да се додаде и малку сечкано суво месо или зачински билки, а ако додадете и 2 јајца, тогаш стануваат уште повоздушести и помеки. / Сооlinarika.com