Рецепт и видео прилог на Мои Домашни Рецепти: Јупи торта (Фанта колач).
Лесна и брза торта без печење со лесен и освежителен, кремаст вкус. Многу лесно се приготвува, може да ја направат и почетници.
Потребни состојки: 100 г суво грозје, 50 г брусница, 300 г плазма бисквити, 300 г мелени бисквити (плазма), 200 г чоколадо рендано, 100 г ореви ситно сечкани, 100 г мелени ореви, 600 мл фанта сок, 250 г маргарин/путер, 100 г шеќер во прав и калап 25 см.
Уште ќе ви бидат потребни следните состојки: 300 мл слатка павлака, 1 лажица нутела, 2 часа во замрзнувач и за декорација чоколадо. Постапка: Најпрво потопете 100 г суво грозје и 50 г брусница во ладна вода да преноќат за да набубрат. Плазма кексите (300 г) крупно искршете ги во посебен сад и додадете исто толку мелени плазма кекси.
Во бисквитите додадете 200 г рендано чоколадо, 100 г ситно сечкани ореви и исто толку мелени ореви. На крај додадете го сувото овошје процедено од водата. Промешајте ги состојките па додадете 3 чаши (600 мл) фанта. Бисквитите ќе го впијат сокот целосно.
Пенасто изматете 250 г путер на собна температура со 100 г шеќер во прав, па додадете го во смесата. Измешајте со лажица или шпатула додека да се изедначи смесата, па рамномерно распоредете ја во калап за торти (25 см) обложен со хартија. Израмнете и ставете во фрижидер или на страна.
Изматете шлаг од 300 мл слатка павлака. Матете 5 минути, па додадете една супена лажица нутела и иматете уште малку за да се соедини. Нанесете го шлагот одозгора и израмнете, па тортата оставете ја во замрзнувач да се стегне 2 часа. Одозгора декорирајте со рендано чоколадо. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото: