Јогурт погача – целата куќа мириса убаво додека се пече

Погачата е мека како душа и многу едноставна за приготвување, особено за млади домаќинки.

Потребни состојки:

2 јајца
1 јогурт во чаша
50 г квасец
200 мл вода
2 лажички шеќер
2 лажички сол
Брашно по потреба (околу 700 – 800 г)
Сусам за поросување
150 г маргарин/путер за мачкање.

Постапка:

Loading...

Квасецот и шеќерот ставете ги во млака вода. Промешајте и оставете да се активира.

Во брашното додадете јајца, сол, јогурт и активиран квасец, па замесете тесто.

Оставете го 5 минути да одмори, па развлечете го во голем правоаголник, тенок околу 5 мм. 

Премачкајте ја кората со путер и свиткајте ја во ролат. Исечете го ролатот парчиња со дебелина од околу 4-5 см.

Парчињата редете ги во тркалезен сад за печење (30 см) и оставете ја формираната погача да кисне додека да ја удвои својата величина.

Врз секој ролат ставете малку путер и наросете со сусам.

Печете ја погачата во загреана рерна на 200 степени додека да зарумени.

Печената погача завиткајте ја во сува крпа.

Loading...