Ако шитната жлезда не функционира, тогаш може да настанат сериозни проблеми.
Јајцата се едни од најхранливите продукти на планетата. Всушност, едно цело јајце содржи доволно хранливи материи неопходни за да може од една клетка да се претвори цело пиле.
Сепак јајцата се стекнаа со лоша репутација, бидејќи жолчките содржат холестерол. Но, холестеролот не е толку едноставен: Колку повеќе го јадете, толку помалку го произведува вашето тело. Поради оваа причина, јадењето на неколку јајца (до 3) дневно, нема да предизвика покачување на холестеролот, кај здрави лица.
Едно јајце со средна големина содржи 186 мг холестерол, што е 62% од препорачаната дневна доза (РДИ).
Вообичаените препораки вклучуваат најмногу 2-6 жолчки седмично, но, сепак, недостасува научна поддршка за ова ограничување.
Неколку студии ги испитаа ефектите на јајцата врз нивото на холестерол. Па така, овие студии ги поделија луѓето во две групи – едната група јаделе по 3-4 јајца на ден, додека другата јаделе нешто друго, некоја замена за јајцата. Овие студии покажуваат дека:
Во речиси сите случаи „добриот“ ХДЛ холестерол се зголемува, а вкупните и „лошите“ нивоа на ЛДЛ холестерол обично остануваат непроменети, но понекогаш се зголемуваат малку.
Јадењето јајца збогатени со омега-3 може да ги намали триглицеридите во крвта, уште еден важен фактор на ризик.
Нивото во крвта на каротеноидните антиоксиданти како лутеин и зеаксантин значително се зголемуваат. Се чини дека одговорот за количеството на консумирање јајца зависи од индивидуата.
Кај 70% од луѓето, јајцата немаат никаков ефект врз вкупниот или „лошиот“ ЛДЛ холестерол. Сепак, кај 30% од луѓето – наречени хипер-реагирачи – овие маркери малку се зголемуваат.
Иако јадењето неколку јајца на ден може да го зголеми холестеролот во крвта кај некои луѓе, тие ги менуваат „лошите“ LDL честички од мали и густи во големи.
Луѓето кои имаат претежно големи LDL честички имаат помал ризик од срцеви заболувања. Па дури и ако јајцата предизвикуваат благо зголемување на вкупниот и нивото на ЛДЛ холестерол, тоа не е причина за загриженост. Науката е јасно вели дека до 3 јајца дневно се совршено безбедни за здрави луѓе. Оние што имаат метаболичко или друг вид на заболување, потребно е да се консултираат со својот лекар.
Јајцето се препорачува во секојдневната исхрана и поради здравјето на штитната жлезда.
Оваа жлезда е одговорна за состојбата на нервниот систем, психата, кардиоваскуларниот систем, гастроинтестиналниот тракт, репродуктивните органи и мускулно-скелетниот систем.
Ако штитната жлезда не функционира правилно, може да се добијат сериозни здравствени проблеми, од кои најчесто патат жените во своите четириесетти години.
Двата главни хормони на штитната желзда, тријодтиронтин (Т3) и тироксин (Т4) се составени од тирозин и јод. Т3 е биолошки активен хормон, додека Т4 останува неактивен додека да се претвори во Т4.
Штитната жлезда произведува уште еден хормон, калцитонин, кој го оджрува калциумот во нормално ниво, го активира метаболизмот на минералите, го чува интегритетот на коскеното ткиво и ја забрзува неговата регенерација.
Ако концентрацијата на овој хормон во крвта е поголема од дозволените вредности, тоа може да укажува на сериони болести поврзани со жлездите, белите дробови, дојките, појава на анемија и хиперплазија.
Раните симптоми за пореметена функција на штитната жлезда се речиси незабележливи, па дијагнозата во прва фаза е речиси невозможна.
Затоа е важно да се води сметка околу правилната исхрана и на тој начин да се спречат болести на штитната жлезда.
Кои се бенефитите на жолчката од јајцето и зошто е корисно да се јадат јајца? Жолчката на телото му ги обезбедува следните материи:
Тирозин – тоа е аминокиселина која се апсорбира од протеинската исхрана и се произведува во телото од други аминокиселини, фенилаланини. Тирозин е формула за добро расположение, ја елиминира анксиозноста и стравот, помага во борбата против стресот. Две кокошкини јајца содржат приближно 0,5 г тирозин и 0,7 г фенилаланини.
Јод – недостиг на јод е главната причина за пореметување на развојот на мозокот кај деца. Секој од нас мора да има доволно количини од јод за да може штитната жлезда да ги произведува хормоните. Една жолчка на телото му обезбедува приближно 12 mcg јод.
Селениум – Околу 90% од хормоните кои ги излачува штитната жлезда се состојат од Т4, кој се претвора во активен хормон Т3. Тоа е поради селен-зависните ензими. Во овој случај, селенот може да го активира хормонот во Т3 и да го инактивира повторно во Т4.
Затоа селенот е толку важен за регулација на тироидните хормони. Едно јајце на вашето тело му обезбедува 16 мг селен, што е 29% од препорачаниот дневен внес.
Како што е познато, стресот може да ја уништи штитната жлезда. Третманот со кокошкини или препелкини јајца е необичен, но ефикасен за надминување на болеста.
Ако штитната жлезда не ви функционира како што треба, задолжително консултирате се со лекар.