ЈАГОДИ ЗА ЗИМНИЦА: Без да ги готвите и замрзнувате, може да се сладите со нив преку цела година

Овој рецепт овозможува да се сладите во ова вкусно и ароматично овошје во текот на целата година, без да го замрзнувате, без да готвите и без употреба на никаква xeмија. Ако ги конзервирате јагодите на овој начин, тие ќе ја сочуваат сочноста во текот на цела година. Еве како:

Country Life Vlog




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг зрели јагоди, 2 кг шеќер и уште малку шеќер за наросување врз јагодите (по три супени лажици по тегла). ПОСТАПКА: најпрво потребно е јагодите убаво да се измијат под млаз ладна вода и да се исчистат од петелките. Измиените јагоди редете ги во цедалка за да се исцедат од вишокот вода.




Потоа, наредете ги во едно широко тенџере, внимателно слој, по слој, внимавајќи да не ги нагмечувате и да не ги оштетувате јагодите. Врз јагодите наросите два килограми шеќер (на 1 кг јагоди се става 1 кг шеќер).

Со раката нежно распоредете го шеќерот врз јагодите и така оставете ги во ладна просторија или на собна температура, подалеку од сончеви зраци, да отстојат три до пет часа. Откако ќе измине еден час земете широка решеткаста лажица и внимателно промешајте ги јагодите без да ги оштетите.




Ќе забележите дека јагодите целите ќе бидат налепени со шеќер. Оставете ги вака да отстојат додека шеќерот целосно да се растопи, уште приближно три часа. Мене ми беа потребни пет часа (во зависност од темшературата на просторијата).




Кога шеќерот целосно ќе се истопи, ќе останат само јагодите и нивниот течен сируп. Важно е да не се загреваат јагодите, ниту да престојавуваат во многу топла просторија, бидејќи има можност да омекнат, што не би сакале во нашиот случај.




Вака подготвените јагоди се складираат во претходно стерилизирани стаклени тегли (извриени во вода, или стерилизирани во рерна на 100 степени или пак, испрани во машина за садови на повисока температура).

Со кутлачата зафаќајте рамномерно јагоди и сок и внимателно полнете ги теглите додека целосно да ги исполните. Дополнете ја теглата со сок, но не ја преполнувајте до крај (шеќерот е конзерванс, па ќе ги сочува од расипување).




Потоа врз секоја тегла наросете три полни супени лажици шеќер. Вака приготвената тегла затвората ја цврсто со претходно стерилизиран капак (или пребричан со медицински алкоxол). Постапката повторете ја со преостанатите тегли.




Шеќерот е одличен конзерванс, но слојот одозгора ќе формира еден вид бариера која ќе спречи ферментација и навлегување на микроорганизми. Добро затворените тегли чувајте ги на ладно и темно место со константна температура (подрум, шпајз) до 12 месеци. Јагодите ќе имаат одличен вкус и свежина, кога и да ги отворите.

Претходна статијаАко имате 20 листови нане и рачен блендер, за 5 минути пригответе му убаво изненадување на сопругот
Следна статијаДомаќинка од Турција сите ги воодушеви со оваа пита која се прави за 5 минути