Вкусни чоколадни бомбици кои навистина брзо се приготвуваат. Одлични се за секакви пригоди, излегуваат доста. Во продолжение може да прочитате 2 рецепти и да одлучите кој повеќе ви се допаѓа да си го направите. Еве што ви е потребно за првиот рецепт:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г бисквити со вкус на какао, 150 мл сок од портокал, 1 кесичка ванилин шеќер, 2 големи лажици џем од портокал или кајсија, 1 ред чоколадо за готвење, 1 портокал – рендана кора, 1 лажица мед.




ПОСТАПКА: Бисквитите сомелете ги или добро иситнете ги, прелијте ги со сокот, измешајте, додајте мед, џем, ванилин шеќер и растопено чоколадо. На крај изрендајте малку кора од портокал.




Убаво измесете ја содржината за да се поврзат состојките. Најдобро се соединува ако се меси со раце. Ставете во фрижидер околу 30 минути а потоа обликувајте топчиња или облици по ваша желба.




Доколку смесата ви се чини мека, слободно додајте уште малку мелени бисквити. Топчињата валкајте ги во мелени бисквити или по желба. Смесата можете да ја ставите во фолија и во калап, па подоцна да сечете.




Може да користите и друг вид на бисквити и да додадете 1-2 лажици какао, но бисквитите со какао имаат преубав вкус, темни се и даваат некој префинет вкус. Чоколадо и шеќер можете да ставите повеќе, по вкус.




(втор рецепт) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г мелени бисквити, 100 г кокосово брашно, 100 мл млеко, 125 г растопен путер/маргарин. ЗА ТЕМНИ БОМБИЦИ: 50 мл млеко, 100 г црно чоколадо, 100 г ореви. ЗА БЕЛИ БОМБИЦИ: 50 мл млеко, 100 г бело чоколадо, 100 г кршени лешници, за валкање: кокос.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете 200 г мелени бисквити (плазма или кекси по вкус), 100 г кокосово брашно, 100 мл млако млеко и 125 г (½ коцка) путер или маргарин. Убаво со рака измешајте ги состојките и измесете ја смесата за да се соедини и изедначи. Добиената смеса поделете ја два еднакви делови.




Во првиот дел ставете прелив од црно чоколадо: на оган загрејте 50 мл млеко, па во него растопете 100 г чоколадо искршено на коцки. Мешајте додека да се растопи и соедини.




Во вториот дел додајте прелив од бело чоколадо (50 мл млеко + 100 г бело чоколадо растопени на тивок оган). Двете смеси промешајте ги додека да ги впијат преливите. Во белата смеса додајте 100 г кршени или мелени лешници (претходно малку запечени и изладени).




Во темната смеса додајте 100 г кршени или мелени ореви. Уште еднаш промешајте и оставете смесите да изладат. Потоа кинете од смесите и со дланките формирајте топчиња со величина по ваша желба. Белите топчињата валкајте ги во кокосово брашно.