Рецептот со изртена пченица е добро да се пие барем еднаш годишно

Ова е рецепт за лекување на целиот организам: ги чисти крвните садови, го лекува срцето, го обновува имунолошкиот систем, го чисти црниот дроб, бубрезите, целиот систем за излачување, исто така и дигестивниот тракт од патогена микрофлора.
Рецептот на бугарскиот научник, професорот Христо Мермерски, многумина го претставуваат како револуционарен лек, со кој наводно се излекувале од рак илјадници луѓе.​

„Тоа е храна за лекување на комплетниот организам, а ракот во таквиот организам самиот се повлекува“ – рекол проф. Мермерски на своите предавања.

Тајната е во тоа што оваа смеса ги чисти крвните садови, го лекува срцето, го обновува имунитетот, го чисти црниот дроб и бубрезите. Исто така, ја подобрува работата на мозокот и памтењето, заштитува од инфаркт и доведува до лекување на ние кои веќе доживеале инфаркт на срце или мозок. Многумина велат дека станува збор за најдоброто средство против сите видови рак!

Потребни состојки:

15 свежи, здрави лимони

12 главици свеж бел лук (домашен, да не потекнува од Кина)

1 кг квалитетен мед

400 г свежи ореви

Постапка за ’ртење на пченицата:

400 г пченица ставете во чист стаклен сад. Полејте со вода и оставете да отстои преку ноќ. После 10-12 часа, преку чиста газа процедете, зрната добро измијте ги низ цедалка.

Оставете ја пченицата да отстои следните 24 часа. Потоа ќе добиете из’ртена пченица, со ’ркулци од 1-2 милиметри.

ПРИГОТВУВАЊЕ НА ЛЕКОТ:

Заедно сомелете: из’ртена пченица, ореви и исчистен лук. Сомелете 5 лимона со кора, па заедно измешајте. Од останатите 10 исцедете го сокот па додадете го со останатите состојки и измешајте додека да добиете хомогена смеса.

Додадете го медот и подолго време мешајте со дрвена лажица, па складирајте во стаклени садови. Оставете да отстои 3 дена во фрижидер, па тогаш можете да започнете со консумирање.

Употреба:​

Лекот се консумира 30 минути пред појадок, по една лажица пред ручек, пред вечера и пред спиење. Ако го користите за лекување на рак, земајте 1-2 лажици на секои два часа.

Професорот Мермерски вели дека рецептот гарантира здравје и долг живот, како и излекување од рак, сочувување на свежината на телото, младоста и енергијата.

„Овој лек ги содржи сите неопходни витамини, минерали, биоактивни супстанции, протеини, јаглехидрати и билни масти. Затоа ја подобрува работата на сите внатрешни органи и жлезди кои го одржуваат здравјето на телото, а доведува и до излекување од рак во целост.“ – истакнал докторот.

Loading...