Измешала сода бикарбона и шеќер во прав: Еднаш засекогаш се ослободила од “потстанарите”

Комарци, мравки, бубашваби, пајаци… Многумина се грозат од тие мали “потстанари” и бараат ефикасни начини за да се ослободат од нив.

Иако тоа се чини за невозможна мисија, од нив можете да се ослободите на едноставен начин, со помош на состојки кои повеќето веќе ги имаат во домот.

СОДА БИКАРБОНА И ШЕЌЕР ВО ПРАВ

Loading...

Измешајте подеднакви количини сода бикарбона и шеќер во прав и наросете по површината каде најчесто ги има овие инсекти. Ќе ви биде потребно еден ден за да исчезнат, но на овој начин ефикасно ќе се ослободите без преголема мака.

МЕЛЕН ЦРВЕН ПИПЕР

Можете истото да го направите и со лута мелена пиперка ако немате мали деца или домашни миленици кои можат да истражуваат што е тоа црвено на површината.

КРЕДА

Мравките не сакаат калциум карбонат, па ќе бегаат од кредата. Исцртајте ги пукнатините во ѕидот со креда или повлечете линија таму каде што ги гледате мравките дека се движат. Тоа би требало да ги истера.

СОК ОД ЛИМОН

Мравките не поднесуваат лимонска киселина, па таа одличен начин за да се ослободите од нив. Наросете или намачкајте со сок од лимон на сите места за кои се сомневате дека преку нив влегуваат во вашиот дом. Или сокот од лимон ставете го во шише со распрскувач па искрскајте ги тие места.

ЦИМЕТ, КУРКУМА, ЧИЛИ

Омилените зачини на многумина лесно ќе ги избркаат мравките од вашиот дом. Користете етерично масло од цимет и нанесете го на сомнителните површини со стапче за уши или со распрскувач во кој сте ставиле половина литар вода и две супени лажици цимет.

Мелен цимет можете да наросите и по рамни површини, но ако не сакате да правите таков “неред”, тогаш може да послужи и едно стапче цимет кое ќе го набодете во пукнатината на ѕидот. На ист начин ќе делуваат и куркумата, црвената пиперка, чили…

ОЦЕТ

“Семоќниот” оцет ќе помогне и кај овој проблем. Користите бел оцет и помешајте го со вода во однос 2:1. Пребришете ги работните површини со крпа натопена во овој раствор.

ВОДА И ДЕТРГЕНТ ЗА САДОВИ

Сварете половина литар вода и додадете 50 мл детергент за садови. Мешавината ставете ја во шише со распрскувач и испрскајте ги критичните места.

Loading...