Ако и вие сте едни од многумината кои патат од груби и испукани пети, тогаш би можеле да го искористите овој природен лек кој е многу ефикасен, но малку подзаборавен во народната медицина.

Ниеден скапоцен крем, ниту една маст нема да даде таков резултат каков што дава овој лек. Оштетената и сува кожа на петите за кратко време се рехабилитира под дејство на лимоновата кора.

Некои од причините за испукани пети се недостиг на влага и масти, неправилна нега на стапалата, нездрава исхрана, предолго стоење во неудобни обувки.. Во текот на зимата кожата на петите може претерано да се исуши поради студот и слабата циркулација.

Сувоста пак доведува до слабеење на еластичноста на кожата, што причинува нејзино пукање. Отворените пукнатинки во зависност од нивната длабочина можат да бидат болни и да бидат легло за развој на разни микроорганизми. Оваа состојба е доста неугодна и проблематична.

За да го решите овој проблем не ви се потребни некои скапи намирници. Доболно е да ја сочувате кората од лимонот кога си ја приготвувате утринската лимонада. Двете кори од половинките наросете ги со малку сода бикарбона, ставете ги во фрижидер и сочувајте ги до вечерта.

Неколку часови пред легнување извадете ги корите од лимон за да се загреат на собна температура. Ако лимонадата ја пиете преку ден, тогаш нема потреба да ги оставате корите во фрижидер, туку оставете ги на страна до употреба.

Половинките од лимон ставете ги директо на петите со вдлабната страна и одозгора фиксирајте со проѕирна фолија, па облечете некои постари чорапи. Оваа облога најдобро и најефикасно делува доколку се преспие со неа преку цела ноќ.

Доколку од било какви причини не можете да спиете да облогата, тогаш оставете ја да делува барем најмалку половина час. Триесет минути за релаксација и регенерација на кожата од стапалата можеби не е долго време, но резултатот ќе ве изненади.

По изминатото време отстранете ја чорапата со облогата, измијте ги стапалата и намачкајте ги со малку хидрантен крем или некои хранително масло. Лимоновата кора и нејзината пулпа (гледајте после цедењето да остане и малку пулпа од лимонот) содржат етерични масла кои ја омекнуваат и регенерираат кожата: старите клетки на кожата многу полесно се отстрануваат.

Пукнатините на петите стануваат се помалку видливи после првата процедура, а ако ја спроведувате редовно, барем 2-3 пати седмично, тогаш кожата на стапалата ќе добие беспрекорен изглед. Не заборавајте после секое отстранување на облогата да нанесете хидрантен или масен крем кој дополнително ќе ја омекне и навлажне кожата.

Одличен ефект на петите покажале кокосовото масло, но и мешавината од глицерин и ал-ко-хол. Оваа завршна постапка ја негува кожата и им помага на петите подолго време да останат мазни.

После ваквиот лимонов пилинг, хранливите материи од маслото или кремот одлично продираат во длабоките слоеви од кожата. Ова е навистина ефикасно лекување на испуканата и груба кожа на стапалата.

ТОПЛА СОЛЕНА ВОДА. Ако имате испукани пети, многу е важно да посветите внимание и да ги сочувате своите пети хидрирани. Натопете ги стапалата во топла солена вода, најмалку 10-15 минути.

Потоа ставете ги своите нозе во ладна вода која ќе ја подобри циркулацијата на крвта во нозете и ќе ги ублажи болките. После тоа нанесете на стапалата крем или вазелин кој ќе ја задржи влагата. За најдобри резултати облечете чорапи за да го спречите испарувањето на влагата.

БИЛНИ МАСЛА ЗА СУВА КОЖА. Многу билни масла можат да послужат како природен лек за лекување на испуканите пети, како и за нега на истите. За оваа намена може да послужи маслоновото, сусамовото, кокосовото или некое друго хидрогенизирано билно масло.

За најдобри резултати користете го маслото пред одење на спиење за да овозможите доволно долго време маслото да продре во кожата. Прво темелно исперете ги стапалата, а потоа нанесете го билното масло на петите и табаните. Облечете чисти чорапи и оставете ги на нозете преку цела ноќ. Повторете ја постапката неколку денови по ред додека петите значително да омекнат а кожата целосно се обнови.