Испробан лек за искашлување на лепливата слуз: за деца над две години и за возрасни-ми го даде аптекарка

Овој рецепт го добив пред 12 години од една драга пријателка која работи во аптека. И беше жал за -тогаш- моето мало девојче, кое едвај дишеше и се мачење со искашлување, а никаков сируп не помагаше… ПРОБАЈ, ми рече, ОВА Е ОД БАБА МИ… и’ благодарам и на неа и на нејзината баба!

Ова е испробан стар лек за искашлување на лепливата слуз кај деца и возрасни, која се смета за главна причина за почетен бронхит. Спречува да се спушти густата леплива слуз во белите дробови, а јас и ќерка ми сме главните дегустатори уште кога таа имаше две години.

Потребни состојки за возрасни:

  • 500 г ливадски мед (може и некој посилен)
  • 1 лимон – исцеден сок
  • 3 лажици ленено семе
  • 1 лажица семе од бел синап

Потребни состојки за деца над две години:

  • 500 г лесен багремов мед (или некој друг светол мед)
  • 1 лимон – исцеден сок
  • 2 лажици ленено семе
  • 1 лажица семе од бел синап

Постапка:

  1. Лененото семе и белиот синап сомелете ги во прав.
  2. Исцедете го сокот од еден поголем лимон.
  3. Во тегла со мед додадете го лимоновиот сок и добро промешајте за да се разреди малку медот.
  4. Во вака разредениот мед додадете ги мелените лековити зачини и со лажица добро промешајте за да добиете еднолична смеса.
  5. Поклопете и чувајте во фрижидер.

Употреба:

  1. Се консумира 3х1 лажичка за деца, а за возрасни 3х1 лажица.
  2. Бидејќи содржи лимонов сок, смесата мора да се чува во фрижидер.
  3. Овој природен лек го користам секојпат кога ќе почуватвувам дека грлото почнува да ме гребе.
Loading...