Во големиот избор на разно-разни алтернативни лекувања на поедини болести, се’ уште се најефикасни природните решенија. Едно вакво пробал и човекот Н.Н. кој низа години мака мачел со попуштени вени на кој не му помагале никакви терапии ниту фармацевтски производи.

Проширените вени денес претставуваат еден од најчестите медицински проблеми, болести, но и естетски недостаток кој погодува исклучително голем број луѓе. Освен тоа, проширените вени на нозете може да предизвикаат и сериозни здравствени последици: оток, болка, воспаление, јадеж како и промена на бојата на кожата од розеникава кон црвена до темно кафеава.

На зафатеното место од ногата често се отвораат рани кои споро или никако не зараснуваат, а последиците за локалното ткиво се драматични. Со оглед на тоа дека за сите тие промени е најодговорна слабо подвижната, статична крв, нејзиното контролирано отстранување за пациентите претставува најдобро тераписко решение.

Последниве години на пазарот се нудат бројни тераписки решенија од ласерско до ултразвучно отстранување, потоа примена на акупунктура до хируршко отстранување со помош на пена т.н. УФГС метод.

Од искуството што го имаат пациентите добро е познато дека ниедно од овие решенија не е трајно, а секако не е ниту евтино во приватните специјализирани клиники, па проблемот после неколку години повторно се враќа. И тогаш целата постапка мора да се повтори што јасно укажува и нови трошоци.

На читателот Н.Н. како што вели, ниедна терапија не му помогнала. Се’ пробал, но последните години состојбата значително му се влошила. И како што обично се случува – случајно дознал за овој стар природен лек. Го применил дома, бидејќи е лесно достапен и после два дена бил „нов човек“. На неговите нозе проширените вени буквално исчезнале. Колку долго – не знае, но ако повторно се појави проблем сега барем го знае лекот, а тоа не е хируршки нож.

ЕВЕ ГО РЕЦЕПТОТ:

Проблематичното место на ногата треба едноставно да се обложи со листови од свежа зелка и да се завитка со проѕирна фолија која цврсто држи како завој. Таквата облога треба да се остави да делува два до три дена, повремено да се промени – не пречесто и проблемот ќе биде решен.

Можеби не трајно, но далеку е поедноставно и поевтино да се посегне по нешто што е толку достапно за разлика од скапите и комплицирани третмани кои се нудат на пазарот. Впрочем, советот на читателот е следниот:

Пробајте, ништо нема да ве чини и ништо нема да изгубите, а само ќе се изненадите. И јасно, ќе заштедите на време и пари.

Зошто доаѓа до проширување на вените?

До проширување на вените доаѓа кога залистоците во вените, кои спречуваат повратен ток на крвта не функционираат како што треба. Крвта заостанува на поедини места така што вените и околните капилари се шират и отекуваат пропуштајќи ја крвта во околното ткиво.

Проширени вени обично се јавуваат на нозе каде вените се блиску до површината а се препознатливи по сините линии, мрежасти пајаковидни форми и јазли кои можат да пораснат до величина на орев.

Од проширени вени боледуваат околу 15% од човековата популација, а дури 4 пати повеќе заболуваат жени. Причините се различни, а како превенција се препорачува барем половина час дневно да се применува умерена активност како прошетки, важбање, возење весолипед и слично. Треба да се носат компресивни чорапи и да се користат лековити билки во вид на гелови, креми, чаеви или тинктури од див костен, боровинки, капини, семки од црно грозје и сл.