Мислите дека дошло време за ботокс? Отфрлете ја таа мисла и поскоро обидете се со ова природно средство кое освен што неверојатно хидрира, ги пегла брчките, затега и го враќа волуменот на зрелата кожа. Ефектите веднаш се видливи!
ЗЕЛЕНА ЛУТЕИНСКА МАСКА СО ПОДМЛАДУВАЧКИ ЕФЕКТ
Потребни состојки:
200 г спанаќ
200 г зелен кељ
¼ шолја екстра девствено маслиново масло
¼ шолја кисела павлака
Постапка:
Кратко проварете ги кељот и спанаќот. Процедете и ставете во блендер. Додадете маслиново масло и кисела павлака. Измиксајте.
Употреба:
Нанесете ја оваа зелена маска на исчистено лице и врат. Можете да се послужите и со четка или со шпатула. Оставете да делува околу 8 минути за потполн ефект. Исперете со млака вода па завршете со ладна за да ги затворите порите. Користете ја оваа маска 1-2 пати седмично. Мешавината може да стои околу една седмица во фрижидер.
Кожата ќе ви изгледа прекрасно и затегнато, а вашите пријатели ќе ве прашуваат: „Што си направила?“
Зошто ова делува?
Главните делотворни состојки кои даваат одличен подмладувачки ефект на оваа маска се лутеинот, Е витаминот и млечната киселина.