Декорирањето со зеленчук навидум може да делува многу комплицирано особено во време кога сите брзаме и сакаме се’ да подготвиме во најкус можен рок. Можеби некои декорации за салати навистина се комплицирани и одземаат време, но само додека еднаш пробаме и започнеме да ги правиме. Кога еднаш ќе се внесеме во декорацијата, резултатот е чиста уметност.

Во продолжение погледнете неколку инспиративни декорации, од кои за повеќето и не е потребна голема вештина и многу потрошено време. Се надеваме дека ќе ви се допаднат некои од предложените идеи. Уживајте!