Природата секогаш има решение за секој наш проблем. Доколку не сте задоволни со изгледот на вашата коса, подобрете го нејзиниот квалитет со ова природно средство кое нема многу да ве чини.

Сувите билки можете да ги купите од Билна аптека.

Потребни состојки:

1 лажица рузмарин
1 лажица камилица
1 лажица коприва
100 мл вода
1 лажица овошен оцет (јаболкова киселина)

Постапка:

Сувите билки измешајте ги заедно и прелијте ги со врела вода. Додадете јаболкова киселина или некој друг овошен оцет, па поклопете и оставете да отстои 10-15 минути.

Процедете и течноста внимателно и рамномерно измасирајте ја во скалпот. Процедурата се изведува после миење на косата кога коренот е чист, за да може лековитата течност да навлезе во преку кожата и да го излечи влакното.

После масажата со оваа течност, не се плакне косата!

Наместо камилица и коприва можете да употребите и мајчина душичка во еднаква количина.

Доколку еднаш засекогаш сакате да се ослободите од тенката и масна коса, ова е вистинскиот непријател во борбата против несовршеностите на косата.

Шансите за успех се одлични доколку редовно го применувате овој третман, барем еднаш седмично.