Помина речиси половина век од првата постава на култните „Чарлиеви ангели“, а токму улогата во оваа криминална серија и донесе светска слава на Жаклин Смит. Уште на крајот на 70-тите, таа се етаблира како своевиден се*c симбол, а со својот совршен изглед може да се пофали и денес, иако веќе навлегува во осмата деценија!

Имено, Жаклин во октомври ќе го прослави својот 78 роденден, но нејзините фотографии не го покажуваат тоа. Уште повеќе, таа изгледа речиси исто толку младешко и занесно како кога блескаше како Чарлиевиот ангел.

Таа неодамна на Инстаграм сподели фотографија на која позира во фармерки и бела кошула, со ноншалантни бранови во косата и одлична шминка, а никој не би погодил дека оваа дама има повеќе од 50 години! Таа има лице без брчки, одлично држење, негуван тен и бујна коса, па навистина е тешко да се поверува дека оваа дама се ближи до 80-тата година од животот.

Иако веруваме дека естетската хирургија имала вмешано прсти во нејзиниот фантастичен изглед, Жаклин е многу посветена на негата на кожата и телото – таа не ја прескокнува својата естетска рутина, а редовно вежба и практикува јога.

Во една прилика откри дека „волшебното“ зелено смути кое го пие секој ден има удел во нејзиниот младешки изглед , но и полн со енергија, па го сподели рецептот за истото.

„Ова е многу вкусно и ми дава енергија. Еве го рецептот. Во блендер ставете половина краставица, половина јаболко, едно стебленце целер, едно парче ѓумбир, 1/4 чаша спанаќ, 1/4 чаша кељ, сок од 1/4 лимон. Додадете вода за да покрие половина од сипените состојки, убаво изблендирајте и складирајте го во вашето омиленото шише. Уживајте“, напиша таа.

Кога станува збор за вежбањето, Жаклин прави кружни тренинзи, а особено се фокусира на горниот дел од телото и долниот дел од грбот. Секако, прави вежби и за раце и нозе, како би можеле сите делови од нејзиното тело да бидат застапени на тренинзите.

Глумицата многу води сметка за исхраната. Како што претходно изјави, таа израснала на фарма, па била навикната да јаде свежа храна, без адитиви, па така и денес се труди да се исхранува на истиот начин.

„Јадам доста сиров зеленчук, органско месо, зелена салата. Но, инаку, верувам дека во сè треба да се биде умерен, не треба да бидете ниту премногу дисциплинирани, бидејќи сепак, некогаш треба и да се ужива“, кажа Жаклин, додавајќи дека еднаш седмично си дозволува да јаде што ќе и се посака – пица, хамбургер..

Кога станува збор за кожата, глумицата верува дека најважно од сè е добро избраниот хидрантен крем. „Сакате да најдете крем кој не се одвојува од шминката. Така, можете да земете сунѓерче и да натапкате малку крем преку шминката и да ја освежите.

Влегува во линиите и дава повеќе боја и свежина на лицето за да не изгледа кожата сува. Чест ставам крем преку шминката, особено сред ден ако одам некаде“. Жаклин истакна дека секоја вечер задолжително нанесува крем со ретинол што спречува појава на брчки, ги намалува порите и поттикнува производство на колаген.

Инаку, г-ѓа Смит е среќно мажена за хирургот Бред Ален од 1997 година, а тој е нејзиниот четврти сопруг. Таа има две деца – синот Гастон и ќерката Спенсер, а ги родила за време на третиот брак со режисерот Тони Ричмонд.

Освен здравата исхрана, негата на кожа и вежбањето, таа понекогаш сака да се заслади со вкусни чоколатца, а од тортите ја обожава прочуената Павлова, која во една прилика и самата ја приготвуваше за Божиќ, а можете да ја погледнете ОВДЕ.