Намирниците со кои е исполнета есенската трпеза во есен, содржат многу хранливи материи кои обезбедуваат ситост. Доколку внимателно ги одбирате, тие можат да придонесат за намалување на телесната тежина.

Пиперка, кељ, домати, тиква и брокула се идеални намирници за диета во текот на студените денови.

Ако овој зеленчук го консумирате ограничено, во правилна комбинација со други намирници, може да ослабете и до три килограми за седум дена.

ПРВ ДЕН

Појадок: сендвич од интегрално печиво, млечен намаз, три тенки парчиња мисиркина шунка и свежа пиперка.

Ужина: 150 г овошен јогурт

Ручек: Две плескавици од кељ, праз и соја, интегрален ориз со грашок (70 г сиров ориз и 80 г грашок)

Ужина: јаболко

Вечера: пастрмка печена во рерна, компир салата

ВТОР ДЕН

Појадок: парче пченкарен леб, посно сирење, свежа пиперка

Ужина: круша

Ручек: 250 г шпагети со црн домат и црвен домат.

Ужина: 150 г грозје

Вечера: 2 варени или печени пченки, мала шолја обесмастено млеко

ТРЕТ ДЕН

Појадок: 40 г мусли, шолја јогурт, банана, лажичка мед

Ужина: калинка

Ручек: 250 г буковки испечени на скара, 150 г пире од компир, зелка салата

Ужина: печен костен

Вечера: вариво со грашок и зелка, парче леб со семки

ЧЕТВРТИ ДЕН

Појадок: парче пченкарен леб, посно сирење, свежа пиперка

Ужина: круша

Ручек: супа од тиква, две парчиња тостиран леб премачкан со сос од лук

Ужина: јаболко

Вечера: печено пилешко, 150 г брокула и карфиол прелиен со две лажички маслиново масло, чинија салата.

ПЕТТИ ДЕН

Појадок: 100 г проја, мала шолја јогурт

Ужина: 30 г орев

Ручек: сендвич од интегрално печиво, туна од конзерва и зелена салата

Ужина: јаболко

Вечера: омлет од две јајца, 250 г пиперки, парче интегрален леб со семки, салата од свеж морков.