Тоа што сакал да се пофали со своите кулинарски способности го чинело pаcкин на врската, бидејќи благодарение на фотографијата која тој и ја испратил, неговата девојка Кајла открила дека тој ја изневерува.




Доказот за неверството таа го објавила на социјалната мрежа Тик Ток и ги повикала останатите да се обидат да откријат според кој детаљ на фотографијата таа го разоткрила неверникот.




Фотографијата на прв поглед е многу обична, а на неа се гледа шпорет врз кој стојат две тенџериња. Во едното се крчка сос болоњезе, а во другото се тестенините. На прв поглед ви се чини дека сè е нормално.




Меѓутоа, над плочата за готвење се наоѓа еден мазен рефлектирачки дел од шпоретот, во кој, доколку доволно добро се загледате и ја зумирате фотографијата, ќе го откриете истото што и Кајла. Приказната има интересен расплет…




Имено, Кајла со овој маж се запознала преку агенција за запознавање и со него започнала врска со редовно допишување. Поради оваа фотографија таа веднаш ја раскинала врската.




Постојат некои познати клише начини според кои луѓето дознаваат дека нивниот партнер ги изневерува. Тоа обично е кармин на јаката од кошулата, туѓ парфем кој се чувствува на нив..




Тоа може да биде и чудното однесување, кога партнерот одеднаш е „залепен“ за својот мобилен телефон, а кај другиот се јавува чувство на вознемиреност токму поради чудното однесување на оној кој изневерува.




Но, понекогаш како во овој случај, луѓето дознаваат за неверството на некои многу поедноставнои начини. Кајла, на пример, го разоткрила својот партнер, благодарение на фотографијата со јадење, за кое патем вели дека не е ништо посебно.




26-годишната девојка го сподели овој прилично неcpеќен момент и го зумираше делот од фотографија каде се гледа „доказот“ за неверството. Имено, на тој дел може да се забележат женски раце, со лажни бели нокти, нараквица, розовозлатен часовник и прстен.




Нејзиното видео е прегледано преку 200 000 пати и многумина ги пофалија нејзините детективски способности. Како што призна еден во коментарите: „Никогаш немаше да го забележам тоа“.




А друг додаде: „Зарем мажите не се свесни дека ние жените сме детективи?“. Имаше и такви кои ја убедуваа дека можно е да погрешила, бидејќи многу веројатно тоа може да биде неговата сестра или братучетка, но Кајла веднаш го поби тоа и потврди дека станува збор за друга девојка.

Некои од останатите беа заинтересирани за јадењето, за она што е зготвено, па излезе дека тоа биле шпагети со сос од говедско месо. А имаше и еден ваков коментар: „Ве молам да ја известите другата девојка, бидејќи јас да сум на нејзино место, ќе бидам вознемирана кога она што јас го готвам, потоа и се испраќа на некоја друга“.