Хобито на нашите баби сега е модерно во светот – Докторите го препорачуваат како терапија број 1

Поради пандемијата голем број луѓе психички потклекнаа и излегоа од колосекот што се нарекува – нормален живот. Поради стравот од неизвесноста, страв од заразување и последици, поради изгубена работа, намалени финансии, поради намален социјален живот, поради грижа за своите најблиски… многумина се соочија со помала или поголема состојба на анксиозност.

Во повеќе земји плетењето се препорачува како терапија бр.1, а ова хоби го нарекуваат јога за мозокот.

Loading...

– Многу научници веруваат дека плетењето им помага на жените на постара возраст да останат присебни и да го продолжат животот. Депресијата и анксиозноста може да се победат со помош на плетење, а во тешки времиња ова хоби да стане спас од разни немири.-

Јазол, јамка, па уште една јамка…Ритмичното темпо на плетењето си ја прави својата работа: за време на оваа интересна работа, човек како да паѓа во транс. Рацете му се зафатени, главата му е ослободена од непотребни мисли, свеста е во стабилна рамнотежа…

Плетењето – е мисловно практикување на медитација и концентрација, хоби кое ги окупира милион жени во светот. Неврологијата го признава плетењето за нова јога, толку е силно влијанието на ова творење и вљубениците во него. Јога за мозок… Звучи многу интересно!

Во текот на една студија во која учествувале повеќе од 4000 плетачки од целиот свет, се докажало дека, во текот на плетењето многу често се постигнува состојба на среќа.

Релаксација, елиминирање на стресот, самореализација – сето ова станува достапно за луѓето кои се занимаваат со оваа ракотворба. Дали знаевте дека доколку плетете, барем 3 пати седмично, вашето ниво на анксиозност и стрес значително се намалуваат?

Тоа неверојатно делува на емоционалната сфера, смирува и придонесува за долгоочекуваното чувство на рамнотежа. Исто така, ќе почувствувате и позитивни промени во различни области од животот.

Кои се бенефитите од плетењето:

-Ја подобрува менталната состојба. Со решавање на психичките проблеми, ќе се зголемат вашите духовни ресурси.

-Вниманието и концентрацијата ќе станат ваши постојани придружнички.

-Развојот на фината моторика ќе ви овозможи да ги обабувате домашните работи, за кои порано можеби сте немале доволно волја.

-Креативноста ќе се развие и ќе ве израдуваат неочекувани манифестации.

-Самопроценката ќе постигне ново ниво – чувство на гордост за убаво сработената работа и сигурност во вашата сила, ќе придонесе за зголемување на вашата самодоверба.

-Едноставен начин да се развие трпени и истрајност. Ништо нема да ве исфрли од рамнотежа!

-Меморијата ќе ви се подобри, а мозокот ќе ви работи многу побрзо.

Целосна предност која ја нуди плетењето, не може да се спореди со било кое друго хоби. Многу научници веруваат дека плетењето им помага на жените на постара возраст да останат присебни и да го продолжат животот.

Депресијата и анксиозноста може да се победат со помош на плетење, а во тешки времиња ова хоби да стане спас од разни немири.

Loading...