Хит колач кој се приготвува за 15 минути, со бисквити и банани…Брз кремаст колач со бисквити кој се топи во уста. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г бисквити, 3 кесички пудинг од ванила, 9 лажици шеќер, 1-1.2 литар млеко, 200 г путер, 4 лажици кисела павлака (100 г), 4-5 банани и 200-300 мл слатка павлака за шлаг.
ПОСТАПКА: Прашокот од пудинзите разматете го со шеќер и малку млеко. Остатокот од млекото ставете го на оган да зоврие, па потоа постепено додајте го пудингот со постојано мешање додека да згусне.
Тргнете од оган и додека е уште жежок, во кремот додајте путер исечкан на помали парчиња, па добро промешајте додека да се растопи и соедини со кремот. Тогаш додајте ја киселата павлака, па повторно добро промешајте во изедначена смеса.
Тогаш додајте ги и бисквитите искршени на парчиња (искршете ги со раце), па сето заедно добро измешајте го со лажица.
Во плех со средна величина и премачкан со тенок слој путер, излејте половина од смесата, преку неа наредете банани пресечени надолжно, една покрај друга.
Врз бананите истурете го рамномерно остатокот од смесата. Ставете го во фрижидер убаво да се излади и да се стегне.
Преку изладениот колач нанесете изматен шлаг, па сечете парчиња со величина по ваша желба и уживајте во секој залак. Постапката погледнете ја ОВДЕ.