За првпат ја пробав оваа пита кај свекрва ми на гости. Таа ми рече дека порано мајка ѝ постојано ја правела и од неа го наследила рецептот. Ја замолив да ми го даде и мене, зашто и мене ми стана омилена. Многу е вкусна и сочна, а и постапката е едноставна, па вреди и вие да ја испробате.




Ова е рецептот на свекрва ми за најубавата пита која се прави за само 10 минути: можете да ги изненадите домашните, а може да ја послужите и за некој повод, како предјадење или закуска, бидејќи убаво се сече и можете да ја сервирате во мали или големи коцки.




Подготовката е лесна и едноствна, не мора да сте експерти или вешти во кујна, секој може да ја направи и за само 10 минути да добие голема, сочна пита како сунѓер. „Рецептот за оваа пита го имам повеќе од 18 години од свекрва ми, оттогаш секогаш го правам, за сите веселби и кога брзам и немам време да подготвам ручек.




Некои ја нарекуваат „плисирка“ или „хармоника“ поради начинот на диплењето на корите. Толку многу е вкусна што домашните си мислат дека сама ги тегнам корите, а всушност се прави со купечки, тенки кори за пита“, вели Сања. Еве кои состојки ви се потребни:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 пакувања кори за пита и гибаници, 6 јајца, 400 г сирење, малку сол, 200 мл јогурт, 30 мл масло, 300 г кисело млеко или павлака, 250 мл газирана вода, сусам.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете ги јајцата. Како што забележавте оваа пита содржи многу јајца, но тоа е така, затоа што тие ја прават посочна и повкусна, а колку повеќе има јајца, толку ќе биде и попуфкаста.




Додајте сосема малку сол, а доколку сирењето кое го користите не е солено, тогаш може да додадете уште, но внимавајте да не пресолите. Потоа додајте го издробеното сирење, јогуртот и маслото.




Малку промешајте, па додајте го киселото млеко. Смесата треба да биде многу ретка, скоро водлеста, а на крајот се прелива со газирана вода. Притоа, газираната вода дополнително ќе ја направи оваа пита мека и воздушеста, и затоа не треба да додавате прашок за печиво.




Кога ќе ја додадете газираната вода добро промешајте и соединете ги состојките во еднолична смеса. Во еден голем плех со димензии 30х40 см започнете да ги редите корите, но не една врз друга туку една до друга извиткани како хармоника, како што е прикажано на фотографијата.




Така ги редите корите (првото пакување) и потоа одозгора преливате со филот. Од филот ставате врз корите и помеѓу нив за да бидат многу сочни. Потоа со виљушка распоредувате онаму каде што останало суво и не стигнал филот.




И корите ги стеснувате една до друга за да може да го наредите и второто пакување исто како првото. Ја редите и втората половина додека да се наполни плехот. Одозгора преливате со останатиот фил и со виљушка распоредувате и ги собирате корите една до друга.

Филот кој ви останал за на крај се прелива преку целата пита, се наросува со сусам и питата се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 35-40 минути. Јас наросувам доста сусам бидејќи така излегува уште повкусна. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.