Постојат бројни начини за да се приготви гулаш, а јас ќе ви го откријам убедливо најдобриот рецепт, оној кој се прави без брашно и запршка. Месото се топи во уста, а сосот е превкусен.

Времето на готвење е околу два часа, но неговиот вкус и структура ќе ве воодушеви уште при првиот залак, кога ќе го пробате ова јадење. Се топи во уста, прав кафеански вкус за сите гурмани.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г јунешко месо, 2 лажици маст, 3 главици кромид, 1 морков, 600 мл јунешки бујон, сол, црн пипер, слатка пиперка, лута пиперка по вкус, 1 лажичка сенф, 2 лажици доматно пире, 3 чешниња лук, малку сув магдонос

ПОСТАПКА: Во едно длабоко тенџере ставете две супени лажици маст, па загревајте на тивок оган за да се растопи. Потоа додајте многу ситно исечкан кромид (три главици со средна величина), а можете и да го изблендирате.

Потоа додајте половина лажичка сол за  малку да омекне. После 10-тина минути динстање, во кромидот додајте и еден морков (поголем) кој исто така, ситно сте го изрендале или изблендирале.

Убаво промешајте и динстајте уште неколку минути додека да се соединат овие две состојки. Морковот дава прекрасен слаткаст вкус на сосот, и токму тој е клучната состојка за квалитетен гулаш.

После десеттина минути динстање додајте 500 г јунешко месо исечкано на коцки. Зачинете со една лажичка сенф, а ова воедно е мојата тајна состојка која секогаш ја додавам кога готвам јунешко месо.

Пробајте, па ќе се уверите во неговото дејство. Динстајте со повремено мешање додека да се запржи месото од сите страни. Кога ќе добие кафеавкаста боја, додајте 300 мл бујон. После 15 минути додајте уште 300 мл бујон.

Додајте и два ловорови листови, поклопете го и оставете да крчка на тивок оган, околу еден ипол час. Гулашот секогаш гответе го на умерена температура. Тоа кај мене е 2 од 6.

По изминатото време гулашот е веќе готов. Проверете дали месото е меко (треба да е готово), а потоа додајте две лажици доматно пире. Промешајте и на крај додајте две чешниња ситно исечкано лукче.

Промешајте и за крај, за поубава боја и вкус, додајте две лажички црвен пипер и половина лажичка црн пипер (и кој сака малку буковка) и сув магдонос. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.