Грешни коцки без шеќер за 5 минути – Кога еднаш ќе ги пробате, секогаш ќе им се враќате (посно)

Рецепт и видео презентација на “Слатко и Кратко” – Колач “Грешни коцки”.

За овој колач тешко е да се одвојат зборови, па затоа е најдобро сами да ги пробате. Доколку сакате масна верзија од колачот, манесто маргарин употребете путер и наместо посен кекс, употребете обичен.

Потребни состојки:

375 г маргарин/путер
3 лажици мед
80 г какао во прав
500 г дробени кекси
150 г чоколадо
1 ½ портокали

За глазура:

100 г чоколадо
5 лажици масло

Постапка:

Портокалот добро измијте го, пресечете го и исцедете го сокот од него. Во подлабок сад издробете ги кексите со раце или со толчник (како во водеото) и додадете рендана кора од еден портокал. Промешајте.

Потоа растопете го путерот на пониска темепратура, додадете го чоколадото, медот и какаото, па убаво промешајте со жица додека сите состојки да се растопат и соединат.

Во компактната смеса додадете го и сокот од портокал, па уште еднаш добро промешајте. Со оваа смеса прелијте ги кршените бисквити и промешајте. Смесата рамномерно распоредете ја во намастен калап со средна величина.

Истапкајте со раце за да израмни и да се пополнат празнините, а потоа пригответе ја глазурата: Чоколадото на тивок оган растопете го со малку масло. Мешајте додека да добиете мазна глазура, а потоа прелијте ја врз колачот.

Колачот оставете го во фрижидер најмалку два часа додека убаво да се стегне, а потоа сечете го на коцки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаЛековитата пеларгонија е прва помош кај проблеми со белите дробови (рецепт)
Следна статијаНаправете совршен ручек за помалку од половина час… Вашите домашни ќе бидат посебно задоволни