Косењето трева е одговорна и не толку едноставна задача кога станува збор за уредување на дворот. Започнувајќи од сеењето на семето, редовното наводнување и ѓубрењето, и косењето се сврстува во редовните обрврски за одржувањето на тревниците.




Притоа, потребно е познавање и вештина за оваа навидум „едноставна“ работа. Треба да се знае кога е дојдено време за косење, при какви временски услови треба да се коси и какви алатки да се употребат.




Така на пример, искусните градинари знаат дека никогаш не смее да се коси тревата додека е влажна, а за да добиете совршено обликуван тревник потребни ви се повеќе алатки: косилица, тример и ножички за трева.




Во зависност од тревната површина, оваа работа може да биде доста напорна и исцрпувачка и бара доста време во текот на целото лето. Но што се случува со икосената трева по завршената работа?




Градинарите најчесто ја собираат во посебни кеси и ја одложуваат за фрлање. Меѓутоа, ова е најлошото решение кое можете да го направите, бидејќи постојат други, генијални идеи за искористување на искосената трева:




БЕСПЛАТНА ПРИХРАНА ЗА РАСТЕНИЈАТА. Искосената трева распоредете ја во бавчата, околу јагодите, доматите и пиперките. Освен што на билките ќе им обезбеди ѓубриво, ќе спречи и раст на плевел околу нив, а земјата ќе ја задржи потребната влага.




Последната деценија овој медот редовно се користи во органското производство, бидејќи мора да признаете дека едноставно е генијален изум. Сувото сено, а во случајот искосената трева, постепено ќе се суши и ќе се претвори во најхранливата прекривка за вашите билки.




ЕДНОСТАВНО ОСТАВЕТЕ ЈА ВРЗ ТРЕВНИКОТ. Ова е наједноставниот начин, но ова може да се прави доколку имате поголема површина на тревник и не смеете да го правите често. Имено, при косењето, не ја монтирајте корпата за собирање на искосената трева.




На тој начин таа ќе остане да „лежи“ врз тревникот каде ќе изгние и на така ќе ги врати потребните минерали во земјата, но ќе ја задржи и потребната влага, особено во текот на топлите летни денови.




ОРГАНСКО ЃУБРИВО. Од искосената трева можете да приготвите органско ѓубриво богато со азот. Наполнете канта од пет литри со 1/3 свежа трева, а потоа дополнете ја со вода. За една седмица ќе добиете одлично ѓубриво за вашите билки.




ДАЈТЕ ИМ ЈА НА ЖИВОТНИТЕ. Доколку не сте го прскале тревникот со хербициди, тогаш искосената трева е одлична храна за козите, овците, кравите, па дури и за гуските. Кокошките ја обожаваат свежата трева.

Доколку вие самите не чувате животни, договорете се со некој кој чува, да доаѓа во деновите кога косите и да ја земе искосената трева. Сувата трева на пример е одлична за зајците.