Навистина, колку што постојат домаќинства, толку постојат и различни рецепти за ова вкусно јадење, но, се вели дека само еден е вистинкиот, и тоа оној чијшто вкус вам најмногу ви се допаѓа. Во продолжение ќе ви претставиме неколку рецепти, а вие одберете кој најмногу ви се допаѓа. Еве што ви е потребно:

рецепт 3




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г грав, 1 главица кромид, 1 страк праз, 2 лажици доматно пире, 1 цел домат, 2 чешниња лук, сол и црн пипер по вкус, 1 лажица црвен пипер во прав, 60 мл масло

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г грав, 3 главици кромид со средна големина, 2 чешниња лук, 1 зелена пиперка, 3 ловорови листови, малку масло, по вкус: оригано, нане, сол, сув зачин (вегета), црвен пипер

рецепт 2

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг грав, 150 г пченка во зрно (од лименка), 1-2 домати, 2-3 пиперки, 1 голема главица кромид, 2-3 чешниња лук, 1 лажичка чили (или по вкус), 1 лажичка сув зачин (вегета), 2-3 ловорови листови, малку магдонос, копар, влашец, неколку шери доматчиња за декорација, сол и црн пипер по вкус, малку маслиново масло




ПОСТАПКА за рецепт 1: гравот потопете го во топла вода и оставете го да кисне цела ноќ. Следното утро фрлете ја водата, наполнете нова и ставете да се вари. Штом зоврие, фрлете ја водата и додајте нова. Постапката повторете ја уште еднаш или двапати. Варете го гравот на тивко сè додека зрното целосно да омекне.




На масло пропржете ситно сечкан кромид и праз додека да омекне, па додаjте доматен сос и уште малку динстајте. Додадете алева пиперка и тргнете од оган. Сварениот грав процедете го од водата и префрлете го во керамички или земјен сад, па прелијте го со издинстаниот зеленчук и додајте ситно сечкан лук.




Убаво промешајте, па посолете, запиперете и додајте сув зеленчуков зачин додајте по ваш вкус. Додадете малку од водата во која се варел гравот. На површината наредете домат исечен на тркалца, па ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени и да фати убава коричка одозгора. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: измијте го гравот, ставете го во тенџере со вода, па на рингла да врие 10 минути. Потоа исклучете ја ринглата и така оставете го половина час (ова е превенција за сите оние што после јадење грав имаат проблем со стомакот).




После тоа фрлете ја водата, исперете го гравот и сипете нова вода, па додајте исечкана една главица кромид и две чешниња лук, една свежа пиперка, 3 ловорови листови и две супени лажици масло, па ставете да се вари на умерено ниска температура. За два часа гравот треба да е сварен, но за секој случај најдобро е да се провери.




Само гравот сипете го во тепсија во која ќе се пече, додајте малку од водата во која се варел за да не се пресуши при печењето, па испасирајте ја пиперката и додајте ја. На малку масло испржете ги ситно исечкани двете главици кромид, па кога ќе омекне додајте 2-3 мали лажички црвен пипер во прав.




Сето ова сипајте го во гравчето, па додајте магдонос, оригано, една лажица сув зачин и сол или по вкус. Промешајте полека и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, приближно 40 минути или додека да фати коричка. Следи постапката за третиот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 3: најпрво сварете го гравот или користете грав од конзерва. Кромидот, пиперките и доматите исечкјате ги колку можете поситно. На малку маслиново масло најпрво издинстајте го кромидот, па додајте ја пиперката и после неколку минути додајте го доматот и ситно сечканото лукче.

Тргнете од оган, додајте чили по вкус или црвен пипер во прав, сув зачин, црн пипер, сечкан магдонос, влашец и копар. Промешајте, па додајте ги гравот и пченката. По потреба посолете и запиперете. Сето заедно ставете го во земјена тава, потпикнете неколку ловорови листови, а одозгора наредете шери доматчиња. Печете 30 минути на 200 степени, а потоа уште 10-15 минути на најсилно или само на горниот грејат за да фати коричка. / Сооlinarika.сom