За вистинско летно освежување.

Потребни состојки за подлога:

200 г мелени бисквити
150 г растопен путер

За црн фил:

750 мл млеко
70 г густин (околу 3 полни лажици)
7 полни лажици шеќер
100 г црно чоколадо
1-2 лажици какао

За бел фил:

750 мл млеко
70 г густин
6 лажици шеќер
100 г бело чоколадо
4-5 банани
+ чоколадна глазура

Постапка:

За подлога: Добро измешајте мелени бисквити со растопен и разладен путер, па добро втиснете во калап или тепсија (околу 36х23).

За првиот фил со малку млеко од наведената количина разматете густин, а остатокот ставете го со шеќерот да се вари.

Во зовриеното млеко додадете разматен густин, темно чоколадо и какао. Варете со постојано мешање додека да згусне. Веднаш врело се истура врз подлогата.

Потоа наредете банани исечени по должина и веднаш варете го белиот крем, исто како церниот само што се додава 100 г бело чоколадо. Кога ќе згусне веднаш се прелива преку бананите.

За глазура: 100 г темно чоколадо се растопува на пареа со 30 г путер и се прелива преку чоколадото (или направете глазура по ваш рецепт).

Добро изладете па потоа послужете, најдобро следниот ден.

За да не ви пука глазурата, ножот мора да биде остар или колачот малку оставете го на собна темепартура.