Ова е старинска, традиционална пита која се приготвува од тесто диплено како за лиснато, прелиено со фил од јајца и сирење. Го добила името „Гологлава“ поради изгледот, односно затоа што питата нема покриена средина.

Гологлава пита: Сузана Сузана




Тестото може да се приготвува со квасец или без квасец, а диплењето може да биде различно (јуфка врз јуфка или диплење како книга), а исто така количината на јајцата, односно филот може да варира.

Гологлава пита: Милена Савиќ Антиќ

Заедничкото кај сите нив е изгледот. Првиот рецепт е на Сузана, а тестото се приготвува без квасец. Вториот рецепт е на Гага и тестото се приготвува со квасец.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 1): 400 г брашно тип 400, 1 лажичка сол, 2 супени лажици масло и 1 супена лажица оцет, 300 мл вода. ЗА ФИЛ: 8 јајца, 1 чаша млеко, 1 мала лажичка сол, 1 чаша кисела павлака, 200 г фета сирење

Гологлава пита: Сузана Сузана




ПОСТАПКА: Од наведените состојки замесете меко, еластично тесто. Оставете да одмори 10-тина минути, па поделете го на 7 приближно еднакви делови. Од секој дел формирајте топче, а потоа развлечете ги во кори со големина на мала чинија.




Првата кора треба да има 4 „јуфки“, а втората три. Секоја кора или „јуфка“ премачкувајте ја со маст/путер или масло и редете ги една врз друга. Горната кора не треба да се премачкува. Оставете ги вака да одморат окоолу 20-тина минути.




Развлечете ја првата кора, така што краевите да паѓаат преку тепсијата. Малку намастете ја, па развлечете ја втората кора кој е помала од првата и ставете ја внатре во тепсијата. Потоа пригответе го филот:




Изматете 8 јајца, додајте шолја млеко, 1 лажичка сол, една чаша павлака и 200 г ситно сирење. Излејте го филот внатре, а од кората која паѓа надвор од тепсијата префрлете ги краевите преку филот. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека убаво да зарумени. Прочитајте го и вториот рецепт на Гага:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 2): 5 чаши брашно (чаша од 180 г), околу 20 г свеж кавсец (1/2 коцка), 1 лажичка сол, околу 100 г масло за мачкање нна корите. ЗА ФИЛ: 1 јајце и 200 г сирење.

Гологлава пита: Гага Вр.

ПОСТАПКА: Замесете го тестото да биде средно меко, од брашно, сол, квасец и вода. Развлечете ја кората, премачкјате ја со масло и расечете ја на зраци. Зраците наизменично преклопувајте ги еден врз друг.

Гологлава пита: Гага Вр.




Гологлава пита: Гага Вр.

Потоа развлечете го целото да добиете кора која е нешто поголема од тепсијата (бр.26) во која ќе се пече питата, односно краевите да висат надвор. Испрскајте ја со масло и во внатрешноста распоредете го филот.

Гологлава пита: Гага Вр.




Гологлава пита: Гага Вр.

Полека вратете ги краевите од тестото, па повторно премачкјате одозгора со масло и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека убаво да зарумени. Печената пита испрскајте ја со вода и вратете ја на уште минута во исклучена рерна.

Гологлава пита: Гага Вр.
Гологлава пита: Гага Вр.