За овој напиток одамна имав слушнато, одеднаш сите медиуми почнаа само за него да пишуваат, а дури и мои пријателки го испробаа и имаа само пофални зборови, но лично никогаш не бев нешто посебно заинтересирана за и самата да го испробам.




За првпат, лани зимото ја направив пастата која навистина покажа дека има лековито дејство, веднаш делуваше и грлото за еден ден ми помина, а од неодамна го приготвив и напитокот кој се приготвува од истата таа паста, а за кој д-р Марио го препорача кај проблеми со спиењето.




Она што не го знаев е дека овој напиток може да помогне и за намалување на мacтите, особено на нacлагите околу cтомакот. Па еве и јас да го споделам моето иcкуство, можеби на некој од читателите на НМД ќе му биде корисно. Користев напиток од куркума и млеко зошто ми беше препорачано како лек против несоница.




Покрај овие две состојки користев уште и мед, малку масло и малку црн пипер. Напитокот уште се нарекува и златно млеко и има многу полезни бенефити за човековото здравје. Од куркума и мед се прави одлична лековита паста за која претходно ви споменав и која помага локално како природен антибиотик.




Ако на оваа паста и додадете топло млеко, тогаш добивате „златно млеко“. Но, јас напитокот го приготвувам на малку поинаков начин кој ќе ви го опишам подолу. Околу 40 г куркума во прав ја мешам со 150 мл ладна вода и ја загревам на умерена температура додека да добијам убава мазна и густа паста.




Потоа оваа „паста“ во тенџерето ја преливам со еден литар млеко. Обично користам обезмастено млеко со низок процент на млечни масти, но во последно време користам и растителни млека, како кокосово, бадемово, оризово, соино…




Тенџерето го ставам на оган на средно умерена температура и додавам уште една лажица куркума во прав (вкупно 50 г). Млекото го варам во времетраење од 5 минути, но оганот мора да се контролира и да не се дозволи да зоврие. За сето време треба постојано да се меша.




Во рецептите што ги читав никаде не пишуваше дека златното млеко треба да се процеди, но јас го процедувам низ газа, а талогот што ќе остане го користам како маска за лице, а некогаш ги четкам и забите за да ми избелат (има избелувачки ефект).




Топлиот напиток може да се пие по една чаша наутро за енepгија, или пак навечер за подобро спиење. Во чашата додајте лажичка мед, половина лажичка масло или путер и прстофат црн пипер.

Овие додатоци помагаат подобро да се апcopбира куркуминот, за кој е познато дека ги cтимyлира жолчните слокови за paзложување на мacтите. Мене многу ми помогна, можеби ќе ви помогне и вам, но со претходна конcyлтација на вашиот лекар.