Го берам доматот и ми трае како СВЕЖ до 2 години…БЕЗ ВОДА, СОЛ ИЛИ ОЦЕТ…Малкумина го знаат овој метод…Од потребни состојки ви се потребни само домати.
Јас набрав 7 кг домати. Едните (покрупните) се со тенка лушпа, а другите се поцврсти и со подебела лушпа.
Оние со тенка лушпа (поголемите) изблендирајте ги, а поцврстите домати оставете ги цели.
Пирето од домати ставете го во широко тенџере и доведете до вриење, па варете на умерена температура 5 минути. Притоа собирајте ја и отстранете ја сета пена што ќе се формира на површината.
Поцврстите домати на неколку места избоцкајте ги со чепкалка или со виљушка и складирајте ги во големи, чисти и суви тегли (од 2 л).
Врз доматите сипете го свареното доматно пире и исполнете ги теглите речиси до врвот.
Вака наполнетите тегли ставете ги во широко тенџере на чие дно сте поставиле крпа, и до половина полно со врела вода.
Затворете ги теглите со капаци но не премногу цврсто. Ставете ги на умерен оган да се стерелизираат 20 минути.
Потоа извадете ги и цврсто затворете ги капаците. Во никој случај не смее да влее влегува воздух во теглите!
На овој начин подготвени, теглите чувајте ги на ладно и темно место и до 2 години. Постапката погледнете ја ОВДЕ.