Го барам овој рецепт веќе 5 години! Немам зборови да опишам колку ни се допадна овој сочен колач. Брзо и многу лесно се приготвува. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за сируп: 600 грама шеќер и 1 литар вода. Гответе 15 минути откако ќе почне да врие. Се трга од оган и се додава сок од еден лимон. Нека се излади!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за пандишпан: 10 јајца (L), 10 лажици шеќер, 11 лажици брашно, 1 кесичка ванила, 1 кесичка прашок за печиво
ПОСТАПКА: Одделете ги жолчките од белките во посебни садови. Белките изматете ги убаво со миксер на максимална брзина. Додавајте шеќер и ванила постепено додека непрекинато матите. треба да добиете цврст снег кој не паѓа кога ќе се преврти садот.
Потоа започнете да ги додавате жолчките една по една и матите со миксерот додека да се изедначи. Смесата и натаму треба да е цврста и пенлива. Повеќе не ви треба миксерот, а брашното помешано со прашок за печиво додајте го најдобро просеано и полека вмешајте го рачно.
Добиената смеса рамномерно распоредете ја во намастен и набрашнет калап/тепсија со средна големина и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени 10 минути. Потоа намалете ја темнературата на 150 степени и печете уште 35 минути. Не отворајте ја рерната првите 40 минути!
Проверете повторно после 45 минути, па доколку дрвената чепкалка излезе сува, значи дека добро е испечено. Исечете на коцки со големина по ваша желба. Секако, печењето секој треба да го прилагоди според својот шпорет.
Топлиот колач залијте го со изладениот сируп и оставете да се олади. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „Кога ќе го пробате овој колач, ќе заборавите на баклавите и тулумбите! Најдобриот шербетен колач“ – ОВДЕ.
Кога ќе го пробате овој колач, ќе заборавите на баклавите и тулумбите! Најдобриот шербетен колач