Кога во лимонот ќе се стави жолчка се добива моќно природно средство кое ја затегнува кожата. Ги избелува дамките на лицето, ги намалува брчките, ја поттикнува циркулацијата и ја освежува кожата.




Бpчките се јавуваат постепено со текот на годините, но мкоже да ce појавуват и ненадејно, а ако не реагираме на време, тие стануваат сè поизразени. Сепак, за среќа, постојат природни начини кои можат да се ублажат и спречат промените на кожата.




Кожата околу очите е најтенкиот и најчувствителниот дел од кожата на лицето. Поради тоа е и најподложна на негативни влијанија кои водат до губење на нејзината еластичност и свежина. Иако појавата на бpчки на лицето обично ја сметаме за еден од сигурните знаци за влегување во позрел период од животот, бpчките околу очите можат да се појават и во раната младост.




ПРИЧИНИ: Наследниот фактор има одредена улога која, секако, не можеме да ја занемариме. Меѓутоа, добар дел од одговорноста за појавата на брчки околу очите припаѓа на неправилната нега и неодговорниот однос кон овој дел на лицето.




Факторите кои директно влијаат на појава на бpчки околу очите се: изложување на сончева светлина без примена на препарати со заштитен фактор, често користење на силна шминка, неотстранување на шминката пред спиење, миење на лицето со агресивни средства (обично сапунот припаѓа на оваа категорија), недоволна хидратација на организмот, неправилна исхрана, недостиг на сон и изложеност на чадот од цигари




Напнатоста и cтpecoт како придружна манифестација обично ја имаат намуртеноста, така што и ова е една од причините за појава на брчки. Иако понекогаш ги викаат и „бpчки од смеење“, тоа не значи дека не би требало што почесто да се смееме. Смеењето е лек и сигурно нема да ја влоши ситуацијата.




Ленено семе. Една супена лажица ленено семе прелијте со половина шолја вода. Варете додека не се направи густа смеса. Процедете и оставете да се излади. Изладената смеса нанесете ја на пределот околу очите и оставете да дејствува 25 минути. Потоа измијте се прво со млака, а потоа и со ладна вода.




Банана и путер. Растопете една лажица путер на собна температура и добро измешајте со една лажица испасирани банани. Со врвовите на прстите нежно натапкајте на кожата околу очите. Оставете да дејствува дваесетина минути, потоа измијте се со млака вода.




Масло од семки од грозје. Ова масло е богато со антиоксиданти кои помагаат во задржување на колагенот. Покрај тоа, маслото дополнително ја храни кожата и ѝ ја обезбедува потребната влажност. Нанесете го на чиста кожа со нежни движења и оставете да дејствува дваесетина минути, потоа измијте.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Една жолчка и половина лимон. Постапка: лимонот преполовете го на два дела, а од едната половина исцедете го сокот, па во внатрешноста ставете ја жолчката. Вака приготвениот лимон оставете го да преноќи, најдобро во фрижидер.




Следниот ден во жолчката додајте неколку капки лимонов сок, добро промешајте за да се изедначи, а смесата потоа нанесете ја на претходно исчистена кожа на лице и врат. Оставете да делува 20-тина минути, а потоа исплакнете со млака вода.

жолчка во лимон
жолчка во лимон