Сара Готфрид, познат гинеколог, специјализиран за хормонални промени во телото ги советуваше жените кои се најчестите проблеми при губење на тежината. „Во текот на мојата кариера, кога разговарам со пациенти и споделувам совети на интернет, добивам пораки главно како оваа:

„Ги следам сите овие правила, но не можам да ослабам.. Стареам и метаболизмот ми се забавува.. Сѐ е генетика. Сè потешко ми е да ослабам.. Нема шанси да изгубам 5 вишок килограми! Изгледа ќе треба да се навикнам на оваа тежина.. Некои намирници не можам да престанам да ги јадам иако сум свесна за нивната штетност..

гинеколог Сара Готфрид

Можете ли да ми препишете некој вид на лек за слабеење? Веќе се обидов да ослабам.. Можеби конечно треба да се прифатам себеси како дебела личност.. Универзалните препораки за исхрана не ми функционираат.. Ослабев 2 килограми, но веднаш потоа се здебелив 5. Се чувствувам ужасно!“

Веројатно барем еднаш во животот сте изговориле една од горенаведените фрази. Не е тешко да се погоди дека се борите со вишокот килограми. Многу добро ги разбирам маките на оние жени кои имаат проблем со дебелеење.

Фото: Илустрација

Откако јас лично се здебелив, морав да го искористам целото мое медицинско знаење за да се вратам во нормала. Како гинеколог и жена, подготвена сум да го споделам моето знаење со вас. Имаме многу хормони во нашето тело, но ги има само 4, специфични за женскиот пол, чиј недостаток нѐ спречува да ослабеме.

Блокатор број 1 за губење на тежината: нерамнотежа на естроген

Ова е тој хормон што ни дава женственост на жените. Го имаат и мажите, но во помали количини. Ако имате низок тестостерон, вашата концентрација на естроген е речиси сигурно над нормалата.

ШТО ДА СЕ ПРАВИ? За да го намалите естрогенот (и да изгубите тежина), ви препорачувам да јадете околу половина килограм варен зеленчук на дневна основа. Зеленчукот ќе го исфрли вишокот естроген од телото, така што нема да циркулира низ вашето тело како лоша карма.

Фото: Илустрација

Со зеленчукот ќе ја намалите консумацијата на месо, што може да предизвика зголемување на естрогенот во телото. Не сум за целосно исклучување на месото од исхраната, но при нормализирање на хормоните, моја препорака е да се јаде повеќе зеленчук. Исто така, ве советувам во оваа прилика да ја пробате “палео“ диетата која е многу ефикасна.

Фото: Илустрација

Блокатор број 2 за губење на тежината: вишок инсулин

Познато е дека секој втор Американец страда од некоја форма на дијабетес што е придружена со дебелина. Кога имате проблем со вишокот инсулин, се јавуваат нарушувања на гликозата, шеќерот во крвта скока нагоре и надолу, а мастите се таложат.

ШТО ДА СЕ ПРАВИ? Постојат многу начини за нормализирање на инсулинот, но јас лично препорачувам да пиете две лажици јаболков оцет разреден во чаша вода, секое утро. Студија од 2004 година покажува дека консумирањето на 2 лажици јаболков оцет пред оброк, за љубителите на јаглени хидрати, значително ја намалува гликозата во крвта кај луѓето со отпорност на инсулин.

Фото: Илустрација

Секако, мора да се откажете од слатките и вештачките засладувачи, шеќерот во која било форма… Запомнете: Ако имате метаболичко нарушување, ова е првиот знак за проблем со инсулинот.

Блокатор број 3 за губење на тежината: вишок кортизол

Кортизолот се произведува како одговор на стресни ситуации, но повеќето од нас се постојано под стрес. Кога станува збор за хормонална нерамнотежа и зголемување на телесната тежина, сите патишта водат до кортизолот.

Фото: Илустрација

Ако вашето тело постојано го искусува целиот спектар на хормони на стрес, мора да акумулира резерви на маснотии. И најчесто ќе ги складира на стомакот. Високото ниво на кортизол доведува до зависност од храна, особено шеќер. Почнувате да јадете сѐ повеќе слатки и храна со тешки калории (како брзата храна). Како резултат на тоа, се формираат чисти масти, која се депонираат на сите делови од телото.

ШТО ДА СЕ ПРАВИ? За да го ресетирате нивото на кортизол, треба да престанете да пиете кафе. Воздржете се од кафе најмалку една седмица и ќе забележите дека спиете подобро и сте помирни. Ако е невозможно да се откажете од кафето, обидете се да го замените со зелен чај, кој исто така содржи кофеин. Потоа, со текот на времето, заменете го зелениот чај со билен чај.

Понекогаш пијте топла вода со лимон и прстофат кајенски пипер (лут како зачин). Ако пиете една шолја вода со лимон и пиперка, секое утро: ќе ги средите цревата, столицата ќе ви биде редовна и ќе ги исфрлите токсините од телото.

Блокатор број 4 за губење на тежината: дефицит на адипонектин

Адипонектинот е еден од клучните хормони кој му кажува на вашето тело да ги согорува мастите. Кодирано од генот ADIPOK и секретирано од масните клетки, потребно е за регулирање на нивото на гликоза и разградување на масните киселини.

ШТО ДА СЕ ПРАВИ? За да го вратите адипонектинот во телото, препорачувам да јадете ф’стаци. Тие се одлични и влијаат на концентрацијата на хормоните низ телото. Исто така, овој хормон ќе го врати периодичното гладување.

Најлесно е ако не јадете навечер, т.е. да гладувате до 18 часот. Ако сте вечерале во 18 часот, не треба да јадете ништо до пладне следниот ден. Покрај ф’стаците, авокадото и темното чоколадо ќе го балансираат овој хормон. Не заборавајте да вежбате!

Плус совет: Мој совет е да го слушате вашето тело и да го следите тој пат. Жените најдобро слабеат кога цврсто ќе решат да променат нешто на себе. Тие имаат моќ да се трансформираат и покрај сите препреки, заклучува гинекологот.