Ги посакав вафлите на баба ми и ги направив по нејзиниот стар рецепт – прекрасни!

Фото и рецепт: Светлана Нешковиќ

Добар ден, ги посакав бабините колачи. Приготвувањето е многу брзо и едноставно, додека се загреа апаратот смесата е готова.

Потребни состојки:

3 јајца
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
300 мл масло
300 мл млеко
300 г брашно
1 прашк за печиво

Постапка:

Се матат три белки со 200 г шеќер, па откако ќе се добие цврст снег се додаваат една по една жочка, вкуспно три жолчки. Потоа се додава еден ванилин шеќер, 300 мл масло, 300 мл млеко, 300 г брашно и 1 прашок за печиво.

Вафли (Фото и рецепт: Светлана Нешковиќ)

Сите состојки убаво се промешуваат додека се добие изедначена смеса.

Се става по три супени лажици во тостерката, се поклопува апаратчето и се печат неколку минути.

Вафли (Фото и рецепт: Светлана Нешковиќ)

Вафли (Фото и рецепт: Светлана Нешковиќ)

Loading...