Постојат бројни производи за нега на лицето и кожата кои можат да се најдат на пазарот, но за жал, речиси сите содржат штетни хемикалии кои долгорочно негативно влијаат врз организмот.

Во последно време се повеќе се популарни домашните производи за нега кои се приготвуваат од природни состојки и внимателно одбрани намирници.

Многу ретко содржат посебни додатоци, а резултатите честопати се многу подобри од оние на купечките производи.

Со некои ефикасни природни третмани, кожата можете да ја направите сјајна, да ја хидрирате и најпосле да имате кожа каква што сте посакувале.

Оваа природна маска се приготвува од состојки кои главно ги имате дома, а тоа се компир и краставица; или компир и лимон, а можете да користите и кокосово масло, јаболкова киселина…

Подолу прочитајте неколку комбинации, а вие одберете која најмногу ви одговара. Сите се ефикасни!

РЕЦЕПТ 1: КОМПИР И КРАСТАВИЦА

Изрендајте или исечкајте еден компир со средна величина и половина краставица. Измиксајте ги во блендер додека да добиете убава, мазна текстура.

Нежно нанесете на чисто лице со кружни движења и оставете 25 минути. Исплакнете со млака вода.

РЕЦЕПТ 2: КОМПИР И ЛИМОН

Во блендер измешајте еден помал компир и сок од половина лимон. Миксајте додека да добиете хомогена текстура.

Нанесете на чисто лице со кружни движења и оставете да делува 20 минути. Исплакнете со вода.

РЕЦЕПТ 3: КОКОСОВО МАСЛО

Загрејте кокосово масло и натопете памукче во него. Натапкајте ја кожата од лицето и масирајте ги загрозените подрачја околу 2 минути со нежни кружни движења и благи штипкања за да се зголеми микроциркулацијата, а со тоа и исхранетоста на кожата.

Оставете да делува маслото неколку минути, а потоа вишокот пребришете го со памук. Повторете двапати дневно (наутро и навечер).

РЕЦЕПТ 4: ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА

Разблажете ја јаболковата киселина со вода (1:1) и во растворот натопете памук. Ако немате чувствително лице, растворот може да биде и посилен.

Натапкајте го лицето убаво неколку пати, почекајте да се впие и оставете да преноќи. Следното утро измијте го лицето со млака вода.

РЕЦЕПТ 5: ЗЕЛЕН ЧАЈ

Оставете кесичка со зелен чај да остане натопена во топла вода неколку минути. Потоа извадете ја кесичката, а во чајот додадете мед и лимонов сок.

Во оваа смеса натопете памук, па нанесете на лицето и вратот и оставете неколку минути да отстои.

РЕЦЕПТ 6: ЛИМОН

Исечете го лимонот на половина и директно нанесете го врз лицето со кружни движења. Правете го ова 5 минути, а потоа измијте го лицето со ладна вода.

РЕЦЕПТ 7: МЕД

На чисто лице нанесете тенок слој од мед и оставете да делува 15 минути. Потоа исплакнете го лицето со млака вода. Повторувајте ја постапката секој ден.

РЕЦЕПТ 8: АЛОЕ ВЕРА

Отстранете ги боцкавите делови од билката, исечете ја коцкички и исцедете го гелот. Можете да го мачкате гелот директно од билката или со прстите. Ова нека ви стане дневна рутина.

РЕЦЕПТ 9: МАСЛИНОВО МАСЛО

Нанесете неколку капки масло на лицето и вратот, па нежно масирајте во кружни движења. Оставете неколку минути и избришете го лицето со памук или ткаенина натопена во млака вода. Повторувајте го ова секоја ноќ пред спиење.

РЕЦЕПТ 10: ПАПАЈА

Исечете ја папајата на ситни парчиња и додадете мед додека да добиете убава паста. Нанесете ја смесата на лицето и оставете да отстои околу 15 минути. Исплакнете со вода и повторувајте ја постапката редовно.