Zwiebelkuchen е познат германски деликатес кој се приготвува од кромид (или некои користат праз), сланина/панцета, кисела павлака и јајца. Повеќето пити-пици доаѓаат во две верзии: со стасувано тесто со квасец и со ровко тесто во облим на торта. Може да се користи и готово тесто за пица – Бети.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 400 г брашно, 1 квасец, 100 г путер, половина лажица шеќер, 1 лажица сол, 200 мл млако млеко. За фил: 700 г кромид, 300 г панцета/сирова сланина, 2 чаши кисела павлака (од по 180 г), 3 јајца, сол, црн пипер, ким по вкус.




ПОСТАПКА: замесете го тестото вообичаено: активирајте го квасецот со шеќер и малку брашно во млакото млеко и оставете го 10-тина минути да запени. Потоа додајте го растопениот и подизладен путер, па со постепено додавање на брашното (помешано со сол), замесете убаво средно меко тесто, кое е мазно и не се лепи на рака.




Тестото покријте го и оставете го на топло да стасува еден час додека да се удвои. Доколку немате време за месење тесто, можете да користите купечко тесто за пици кое е потребно да го развелечете со оклагија според величината на тепсијата во која ќе се пече.




Сланината исечкајте ја на ситни лентички или коцкички, па пропржете ја. Потоа извадете третина на страна, а во остатокот додајте го кромидот исечен на листови, па посолете и запиперете по вкус, а кој сака може да додаде и ким во прав.




Заедно динстајте додека кромидот да омекне и застакли. Филот оставете го целосно да се олади. На страна изматете ги јајцата со киселата павлака, па додајте ја во пржениот и изладен кромид со сланина. Соединете ја убаво мешавината.




Стасаното тесто развлечете го во големиот плех, па филот излејте го одозгора и рамномерно распоредете. Наросете со третината пржена сланина која претходно ја одвоивте. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Кога ќе зарумени, питата е готова. Послужете со ладно пиво. / Бети / Сооlinarika.com. Следниот рецепт е за пита со праз:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г остро брашно, околу 150-200 мл млеко, 1/2 коцка свеж квасец, 1 јајце, прстофат шеќер, прстофат сол, 50 г путер или маргарин. За фил: 500 г праз, 1 китка млад кромид, 2 јајца, 1 лажица масло, 200 г кисела павлака, сол, црн пипер. Кој сака може да додаде и кратко пропжена ситно исечкана сланина.




ПОСТАПКА: Од брашното, издробениот квасец и растопен во млакото млеко со шеќер, замесете тесто. Оставете го да стасува 20-тина минути. Додајте ги останатите состојки на собна температура: јајце, путер/маргарин и сол, па повторно замесете и оставете покриено да стасува уште половина час.




Празот и младото кромитче исчистете ги и исечкајте ги на тенки кругови (ако немате млад кромид, тогаш ставете повеќе праз). Во тава загрејте масло па запржете го празот додека да омекне и застакли. Бидејќи има голема количина, најдобро е да земете подлабока тава или во големо и пироко тенџере. оставете целосно да се олади.




Намастете го плехот, па ставете ја развлечената кора (најлесно е тестото да го развлечете на хартија за печење, па потоа да се пренесе во плехот. Рабовите од тестото малку подигнете ги. Изматете ги јајцата и киселата павлака, па мешавината додајте во изладениот праз.

Добро соединете и посолете и запиперете по вкус. Излејте ја содржината врз тестото и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180-200 степени околу 50 минути, односно додека зарумени и стане крцкаво – Дука / Сооlinarika.com

пита-пица со праз
пита-пица со кромид и сланина