Сарделата е едно од најубавите саксиски цвеќиња кое ги краси нашите прозори од мај па сè до есен. Полека, но сигурно доаѓа времето кога после зимата ќе треба соодветно да ги разбудиме нашите цвеќиња.




Овојпат ќе ви откриеме еден уникатен метод како на многу лесен начин да ги размножите сарделите од гранче. Овој начин е посигурен и побрз од вообичаениот, со боцкање на гранчиња директно во земја.




Постои еден метод за размножување на рози со помош на компири, но многумина од читателите кои го испробаа овој метод искоментираа дека наместо ружи добиле млади компирчиња. Со овој метод кој ќе ви го претставиме не можете да погрешите, бидејќи како подлога за ‘ртење се користи банана.




Бананата е едно од најхранливите овошја, па затоа се препорачува да не се фрлаат лушпите во ѓубре, туку да се закопуваат во почва. На тој начин растенијата ќе добијат убава количина од хранливи материи кои ќе помогнат во нивниот правилен раст и развој.

 




Еве што ви е потребно за спроведување на овој метод: банана, свежо поткастрени гранчиња од сардела и пластично шише. Најпрво одберете здрави и силни гранчиња од кои треба да се отстранат долните ливчиња.




Целиот метод можете да го погледнете во видеото подолу на линкот. Од гранчето оставете само 2-3 ливчиња заедно со врвот кој треба да биде неоштетен. Со остар нож исечете го гранчето при дното, но под кос агол.




Потоа земете една банана и исечете ја на парчиња со приближно 2-3 см дебелина. Потоа во секое тркалце боцнете по едно подготвено гранче. Наполнете го садот со соодветна подлога, направете дупки и засадете ги прстените од банана со гранчињата во нив.




После садењето отсечете го горниот дел од пластичното шише. Покријте го садот за да се заштитат гранчињата и да се создаде еден вид „стаклена градина“. После околу 90 дена ќе можете да се израдувате на нови бујни грмушки кои ќе ве воодушеви со своите цветови. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.