Рецепт и видео презентација на Gala Food – Галети без месење, готови за 10 минути.

Ова е колачот кој го правеа нашите баби, па доколку одамна не сте го јаделе, направете го и запишете си го рецептот – ќе ве врати во детството овој рецепт кој се чува од заборав.

Потребни состојки:

2 јајца, 100 мл млеко, 100 мл масло, 6 лажици шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 400 г брашно, 1 прашок за печиво

Постапка:

Во подлабок сад изматете ги двете јајца со виљушка, па додадете 100 мл млеко, 100 мл масло, 6 лажици шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер.

Промешајте со лажица за да се соединат состојките и да се растопи шеќерот. Во смесата додадете 400 г брашно и 1 кесичка прашок за печиво.

Мешајте со лажица додека да се поврзат состојките и да добиете меко тесто (погледни видео). На загреаниот тостер со помош на лажица ставајте од тестото (не е важна формата) и поклопете и печете неколку минути. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото: