ФУРНАРИНКИ БЕЗ БРАШНО: Само изрендајте тиквички – лесно, брзо и вкусно

Кога сакате брза, вкусна и здрава закуска без брашно, сетет се на овој рецепт. Потребно е само да ги изрендате тиквичките, да ги помешате со неколку состојки и да ги испечете. Ќе добиете многу вкусни солени стапчиња, налик фурнаринките, но без брашно. Еве што ви е потребно:

 




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 млади тиквички со средна величина, 1 јајце, 200+100 г моцарела или кашкавал по ваш избор, 1 рака ситно рендан пармезан (дава одличен вкус и арома), 1 чешне лукче (кој сака може и повеќе), сол по вкус




ПОСТАПКА: Тиквичките добро измијте ги, отстранете им ги дршките, а потоа изрендајте ги на крупната страна од рендето. Посолете ги, добро измешајте ги и истискајте ги со рака за да го испуштат сокот. Оставете ги во цедалката додека ги приготвувате другите состојки.




Изрендајте го кашкавалот (200 г) исто како и тиквичките, па ставете го во еден подлабок сад. Додајте ги исцедените тиквички, едно јајце, една рака ситно рендан пармезан и едно чешне лук истиснато низ преса или ситно исечкано/изрендано.




Состојките можете да ги измешате и со лажица или виљушка, но јас преферирам да ги мешам со рака – највредната алатка во кујната. Потребно е добро да се измеша за да се распоредат сите состојки рамномерно.




Плехот од рерна обложете го со хартија за печење (може да користите и плех со средна величина или тепсија, па да сечете триаголници), а потоа целата смеса истурете ја внатре. Внимателно со раката распоредете ја подеднакво на сите страни и израмнете ја површината.




Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 минути. Кога ќе започне малку да заруменува одозгора извадете го плехот и одозгора наросете рендан или ситно сечкан кашкавал, околу 100 г.




Вратете да се допече во топлата рерна уште 10 минути на 200 степени, колку да се растопи кашкавалот и малку да се потпече. Потоа извадете ја кората од рерна, оставете малку да подизлади, па сечете стапчиња или плочки по желба. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

Претходна статијаНАЈУБАВИОТ ЛЕТЕН РУЧЕК ГО НАСЛЕДИВ ОД МАЈКА МИ: Таа постојано го јадеше ова и беше вита
Следна статијаОВА Е БИЛКА НА ИДНИНАТА: Ги јакне коските и срцето, а спречува рак, дијабетес и болести на дигестивен тракт