Рецепт и видео презентација на Том Филос: Колач со јаболка и кекси, според рецептот на Ѓорѓе Давид.

Брз, лесен и едноставен рецепт за торта со јаболка и бисквити чие приготвување нема да ви одземе многу време. Потребно е само добро да излади пред послужување. Толку едноставен, а толку вкусен!

Потребни состојки: 3 јаболка, 30-50 г путер, 80-100 мл вода, 500 мл млеко, 2 кесички пудинг од ванила, 6 лажици шеќер, 300 г кекси и шлаг за декорација

Постапка: Јаболката измијте ги, излупете ги а потоа изрендајте ги. Малку путер ставете да се растопи во тенџере, па додадете ги ренданите јаболка и пржете ги 5 минути на тивко. Додадете и околу 100 мл вода и мешајте додека јаболката убаво да омекнат и да добиете кремаста структура. Потоа тргнте го садот на страна.

За пудинг: Од половина литар млеко одвојте малку за да го промешате прашокот за пудинг, а остатокот ставете го на оган заедно со шеќерот. Кога ќе зоврие додадете го пудингот со постојано мешање и варете додека да згусне.

Топлиот пудинг излејте го во динстаните јаболка и соединете ја смесата. Во топлиот крем додадете 300 г искршени бисквити.

Добиената смеса излејте ја во помал тркалезен калап за торти и израмнете. Оставете да се стегне и излади во фрижидер. Одозгора по желба нанесете шлаг. Деталите можете да ги погледнете во видеото: