ФАНТАСТИЧНИ ЖЕРБО РОЛАТИ: Едноставни, брзи и вкусни ролати! Додека се свртиш сите се изеле, до последното парче…Еве што ви е потребно според рецептот на Рада:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
200 мл млако млеко
8 грама сув квасец (или 25 г свеж квасец)
350 грама брашно
100 грама путер растопен и оладен
75 грама шеќер
1 јајце на собна температура

За фил:
300 грама ореви
околу 250 грама џем по избор
малку млеко или рум
2-3 супени лажици шеќер

Чоколадна глазура:
250 грама чоколадо
75 мл масло

ПОСТАПКА:

Во млакото млеко сипете го квасецот со една лажица брашно и малку шеќер, па промешајте да се раствори и оставете го настрана да ферментира и да се активира, 10-тина минути.

Во брашното сипете го шеќерот, растопениот путер, едно јајце и активираниот квасец. Замесете компактно, меко тесто.

Истресете го на набрашнета работна површина и домесете го, само колку да не се лепи. Тестото поделете го на три дела за три ролати, а вие ако сакате поделете го на 2. Оставете го кратко да одмори додека го приготвувате филот.

ЗА ФИЛ: Џемот измешајте го со оревите и шеќер по вкус, па додајте сосем малку млеко или рум колку смесата да се направи како намаз, да може да се размачкува и да не е сува, ниту течна.

На набрашнета површина земете едно од тестата и развлечете го во правоаголна кора, колку што можете потенко. Преку цела површина премачкјате го со третина од филот и внимателно свиткајте го ролатот, да нема празнини помеѓу.

Постапката повторете ја и со останатите две теста. Корите развлекувајте ги според големината на плехот во кој ќе ги печете. Приготвените ролати наредете ги во калапот обложен со хартија за печење.

Покријте ги и оставете ги 15-тина минути да одморат, па печете ги во претходно загреана рерна на 170 степени, 20-тина минути. Оставете ги целосно да се оладат, а потоа прелијте ги со чоколадна глазура.

За глазура: растопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка заедно со малку масло. Оставете 15-тина минути да се стегне чоколадото, па можете да сечете и послужите. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.