ФАНТАСТИЧНА ТОРТА ЗА 10 МИНУТИ…Се топи во уста…Само 4 состојки…Единствено што треба да почекате е да ја оставите 2 часа во фрижидер. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 22 или 24 см):

300 г чоколадни наполитанки
180 г крем сирење маскарпоне или филаделфија
400 мл слатка павлака за шлаг (засладена)
200 г кондензирано млеко

ПОСТАПКА:

1.Наполитанките сомелете ги во блендер, па добиената содржина распоредете ја во калап (22 см) за торти и притиснете одозгора со дното на чаша за да се израмни.

2.Во подлабок сад сипете го крем сирењето и ладната слатка павлака па изматете со миксер додека да добиете кремаста смеса како шлаг.

3.Додајте кондензирано млеко и кратко изматете за да се соедини. Смесата распоредете ја врз основата од наполитанки.

4.Израмнете, ставете фолија одозгора и тортата оставете ја во фрижидер 2 часа. Потоа декорирајте ја по желба. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/7izNmkOYnyg?si=oKZ8pQHSiMZjJx-P